Топ Новости

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

  • Вторник, Апр 09 2019

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по француски јазик со одлични резултати се пласираа за учество на државното првенство по француски јазик

 

 

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по француски јазик со одлични резултати се пласираа за учество на државното првенство по француски јазик.

Успесите за своето знаење на францускиот јазик и пласманот на државната „Олимпијада“ како претставници од гевгелиското општинско училиште им припаѓаат на Ана Трајкова од IX-б и Никола Нанчев од IX-в одделение.
Забележителни резултати со успешно свое претставување имаше и ученикот Борис Ќаев од истото училиште.

Годинашнашниот регионален натпревар по француски јазик наречен „Олимпијада“ се одржа изминатиот викенд (во саботата) во ООУ "Гоце Делчев" - Неготино. Менторската улога ја имаше наставничката Елена Шаренкова. За неа и за учениците со заслужените честитки, им посакуваме нов предизвик и менторски поттик до остварување на  нови успеси во понатамошниот пласман на државната Олимпијада по франциски јазик.


ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија ги негува познавањата по францискиот јазик кој е во редовната наставна програма, а редовно се приклучува и во одбележувањата на „Месецот на Франкофонијата“. Последната недела од март ученици од „Крсте Мисирков“ кои што го изучуваат францускиот јазик, на 25.03.2019, го посетија Францускиот Институт во Скопје во придружба на нивната наставничка Елена Шаренкова. Таму ја имаа можноста да се запознаат со едукативните активности што ги нудат медијатеката и библиотеката на Институтот, како и со можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик.
Во продолжение, учениците го посетија Илузиумот, каде беа дел од една поинаква авантура, исполнета со многубројни нереални изненадувања.
Ваквата посветеност кон еден странски јазик, странска култури и познавања ете на свој начин се вреднува и со успеси на регионални, а посакуваме и на натпреварите од повисоко државно ниво.

 Фото од заедничката радост - наставничката Елена Шаренкова со своите ученици олимпијци - Ана Трајкова  и Никола Нанчев и пофалениот  Борис Ќаев

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.