Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со својот колега Јан Хамачек од министерството за внатрешни работи на Република Чешка заедно ги посетија безбедносните сили на македонско-грчката граница и транзитниот центар за мигранти „Винојуг“ кај Гевгелија.
Двајцата колеги реализираа брифинг со безбеднсните служби на јужната граница на Македонија каде свои кадри има воспоставено и полициски кордон од Чешка. Исто така предмет на разговор и запознавање со тековната состојба со мигрантите, сузбивањето на илегалната миграција и трговија со луѓе, министрите го искористија во посета и разговор со безбедносните служби, вработените и стационираните мигранти во транзитниот центар „Винојуг“. На посетата на ТЦ „Винојуг“ им се придружи и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашко Поцков.
Од посетата на безбедносниот контингент полициски служби распоредени по граничната линија на македонско-грчката граница каде во близина е лоциран и Транзитниот Центар за прифат на мигранти „Винојуг“ Гевгелија
Брифинг со претставниците на безбедносните служби во општината и гостите од Чешка во општина Гевгелија
Денешниот работен ден беше одбележан со потпишување договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за обезбедување квалитетни безбедносни стандарди во интерес на граѓаните. За вредниста на донацијата и нејзината намена министерот Спасовски изјави:
- „Денешниов настан не е само важен во однос на натамошното унапредување на техничко-организационите капацитети на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, туку уште повеќе тој е значаен како силен показател на едно, веќе етаблирано, искрено и конкретно партнерство и поддршка што во годините наназад ја имаме од нашите колеги од чешкото министерство за внатрешни работи и од владата на пријателска Република Чешка“, рече министерот Оливер Спасовски по денешното потпишување на договорот за донација од Република Чешка за нашето Министерство за внатрешни работи од околу еден милион евра.
Финансиските средства се наменети за активности поврзани со зајакнување на капацитетите на Одделите за гранични работи и миграции, за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и за воздухопловните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Со донацијата се проширува опсегот на меѓусебна соработка во повеќе безбедносни сегменти од взаемен интерес за техничко осовременување и доопремување на неколку организациони единици при МВР, со посебен акцент на миграционата проблематика.
- „Колегите од чешката полиција се во континуитет присутни на нашата јужна граница од 2016 година до денес, каде што заедно со припадниците на нашето министерство заеднички остваруваат задачи на обезбедување на граничниот појас. Сакам, на крајот, во оваа прилика во свое и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија уште еднаш да им се заблагодарам на нашите пријатели за помошта и поддршката што ја добиваме, убеден дека таа наша соработка не само што ќе продолжи во иднина туку и ќе биде значително интензивирана во интерес на националната, регионалната и глобална безбедност“- рече Спасовски.