Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

Вторник, 16 Април 2019

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Здружението „Сите сити“ во соработка со Црвен Крст на Република Македонија денеска се организираше во 10 градови низ државата, на 29 локации, меѓу кои и во Гевгелија. Ова е втора донаторска акција од овој карактер, после првата ваква акција организирана лани, во септември кога беа собрани 12 тони храна за социјално ранливите категории граѓани.

Денеска на шеталиштето „Маршал Тито“ активисти на „Црвен Крст“ од ОО на Гевгелија со штанд „Нахрани 10.000“ прибираа доброволни донации од граѓаните, во храна и трајни намирници со цел истите да им бидат донирани на оние на кои им е најпотребна таа храна. Штандот беше отворен од 10 до 18 часот, непосредно до влезот на маркетот „Кит го“ од каде што граѓаните и кои не знаеја за акцијата, наменски купуваа артикли за прехрана и ги донираа на активистите. Нашиот фоторепотер ги „уливи“ во кадар доброволните прилози на двајца членови на Општинскиот Совет и на вработен во локалната самоуправа. Тоа е приказ дека и општествено ангажираните лица имаат одобрување за ваквите хуманитарни акции и со личен пример ги поддржуваат.

Денешната национална акција имаше своја поставена цел, а тоа е: на граѓаните да им се даде можност да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин се случи по повод „Неделата на солидарноста“ во градовите Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија.

 

 

Last modified on Вторник, 16 Април 2019 - 22:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.