Топ Новости

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики кои носат иднина

Четврток, 18 Април 2019

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на 21 април ќе бидеме реални победници“, со оваа порака вечерва кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски ја поенираше отворената средба со граѓаните на Гевгелија, што се одржа на малиот плоштад „фонтана“ во центарот на Гевгелија.

Тој ги поздрави гевгеличани како успешни граѓани кои во своите работни статистики бележат најмала стапка на невработеност на ниво на држава. „Продолжете само така со такви остварувања“, им порача тој на гевгеличани.
За предности на тој пат на вработеност и можности за стопански развој ги посочи и одредбите од Договорот од Преспа со кој нашата држава добива приоритет во користењето на пристаништето во Солун. Вие како најблиска точка од државата, познати како Европска порта, сте најблиску до солунското пристаниште и транзитниот коридор со европските и други земји од светот. Тоа е предноста на договорот од Преспа, тоа е предноста на членството со европските држави членки на ЕУ, посочи Пендаровски.

Тој направи дистинкција од кандидатот на опозицијата која досега се занимаваше со приказните дали Александар пред 23 века назад бил македонец или не, запоставувајќи ги поразителните резултати од Светска Банка кои покажуваа дека во периодот на груевизмот, кога само една фамилија одлучуваше за судбините на сите други фамилии во државата, украдени беа пет милијарди евра и изнесени надвор од државата. Сега, истите тие кои пребегаа од државата сакаат од надвор да кажуваат како треба да ја водиме државата. Наместо минатото и криминалот, ние треба на 21 април да одбереме концепт кој нас не' води кон светот и напредокот, истакна кандидатот за претседател Стево Пендаросвки.

Тој ги посочи своите залагања за патот по кој тргна Македонија, а тоа е членството во НАТО и ЕУ, за првиот чекаме вече 25 години, што е една четвртина век. Денеска имаме меѓународен печат дека РСМ не може никој да и' се заканува ниту територијално, ниту безбедносно, зошто за нас ќе гарантираат земјите членки на НАТО со кои потпишавме пристапен протокол. Ова и пристапните преговори кон ЕУ ја обезбедуваат и сигурноста на странските инвеститори за вложување во стопанството во нашата земја.

На 21 април не гласаме само за име туку и за сите политики кои водат кон патот на напредокот. Ако ја погледнете другата страна на опозицијата, нивниот кандидат нуди ревидирање на се' што досега е направено и дека ќе пробат да постигнат подобар договор од сегашниот. Кога ги прашуваме: „За колку време ќе го обезбедите тоа?“ одговараат, за 5 - 10 години. Е сега вие како граѓани треба да се запрашате: Кој ќе гарантира за безбедноста на РС Македонија додека тие се договараат? - ги повика на мудрост и самостојно просудување граѓаните на Гевгелија Пендаровски.

Во прилог на кандидатот се обрати и млад гевгеличанец Трајче Панов, доктор на науки кој завршил студии во странски европски земји, а гевгеличани отворено се придружија во дискусија со кандидатот, некои нарекувајќи го свој иден претседател на државата.

 

 

Last modified on Четврток, 18 Април 2019 - 23:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.