Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

Недела, 21 Април 2019

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција навремено во 07 часот со отварањето на сите 37 избирачки места во Општината на денешниот изборен ден, предвиден за гласање за избор на претседател на државата.

Право на глас, според избирачкиот список заклучен од Државтата изборна комисија имаат 19.242 граѓани, изјавуваат од Општинската изборна комисија за Гевгелија.

Од нив, во текот на вчерашниот ден гласале 97 болни лица, од вкупно пријавени 102, што претставува излезност од 95,1%. Петмина од болните пријавени да гласаат дома не можеле да ја најдат личната карта за идентификација кога ги посетила Изборната Комисија задолжена за спроведување на гласањето во местото каде тие се водат во единствениот избирачки список.

Вчера, сабота, своето право на глас го искористија и 33 лица во Затвор Гевгелија, што е одзив од 86,84% од лицата кои издржуваат казна затвор во КПД „Затвор“ Гевгелија, а вкупниот нивен број е 38, изјави Претседателката на ОИК Гевгелија, Роберта Јанчева.

Излезноста на граѓаните на Гевгелија до 13 часот е 28,46% и е повисока од републичкиот статистички пресек на излезност во истиот термин.

Во државата до 13 часот гласале 340.304 граѓани, што претставува излезност од 19,89%.

 

 

Last modified on Недела, 21 Април 2019 - 14:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.