Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

Недела, 21 Април 2019

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК, општина Гевгелија е меѓу општините со највисок процент на излезност на граѓаните со право на глас.

Па половина час пред затварањето на гласачките места во општина Гевгелија гласале 11.192 граѓани од вкупно запишаните во избирачкиот список 19.242 граѓани со право на глас.

Ова е висок процент на излезност, повисок од републичкиот статистички просек во сите 81 општина од државата, кој изнесува 42%. Повисок процент на излезност има во Крива Паланка над 62,22%, а во општина Новаци изнесува 60,12%.


Ова не се конечни податоци на ДИК, бидејќи се' уште се обработуваат пристигнатите податоци од Општинските изборни комисии, заклучно со затварањето на гласачките места во државата, а тоа е до 19 часот.

На гласовите на секој од 37-те Избирачки места во општината денеска записнички се додаваат и гласовите на граѓаните кои своето избирачко право го остварија вчера, а тоа се болните и лицата кои издржуваат казна затвор, или притвор, а се наоѓаат на избирачкиот список за општина Гевгелија. Тоа се гласовите на 97 болни лица кои вчера гласаа дома и 33 лица на издржување казна затвор во КПД „Затвор“ Гевгелија.

Насловна фотографија: Општинска изборна комисија Гевгелија

 

 

Last modified on Недела, 21 Април 2019 - 20:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.