Топ Новости

Одбележувањето на 26 април - излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Петок, 26 Април 2019

На овој ден пред 76 години, во 1943 година, во виорот на Втората Светска Војна, излегле во партизани првите борци од Гевгелија и гевгелиско.
Напредните младинци и интелектуалци на тогашната КПЈ, инволвирани во бројни организациони активности против окупаторот, тргнуваат на Кожуф планина и овде ја формираат првата вооружена воена формација.

На 26 април 1943 година во Кожуф планина се нашле првите доброволци-партизани од градот и околијата, а од Гевгелија биле: Ристо Бајалски, Димитар Григоров Зафиров, Димитар Кирилов Брзилов, Петар Христов Балабуров, Михаил Христов Делев, Василка Танова Дуганова, Јанко Милтијадев Инов (Урдинов), Надежда Васил Христова, Александар Мицев Ќаев, Марика Мицева Ќаева, Деко Андонов Ковачев, Васил Христов Карајанов, Христо Василев Поп-Ристов, Илија Танев Миов и Иван Христов Бајков. Оваа група од 15 борци пристигнала во три групи, на 26 април, на 30 април и на 3 мај заедно со борци од околните места. На 10 мај на падините на Кожуф планина доаѓа и до официјално формирање на Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“.

Во чест на овој херојски чин, за вклученоста на гевгелиските борци во останатите вооружени дејствија низ државата, заедно со други бригади, денеска, пригодно одбележување организираше Општинската организација на Сојузот на здруженијата на борците за Гевгелија. Утринава беше положено свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци од Гевгелија и околината. Со наклон за почит и благодарност за нивната храбра и посветена одлука свежо цвеќе полижија и останати делегации од локалната самоуправа, од советнички групи, претставници на политички партии, здруженија на граѓани, останати поддржувачи и следбеници на придобивките од НОБ.

Сеќавање на тој ден и активностите на месниот комитет за мобилизација на партиското членство, формирањето на воена комисија која прераснала во воен штаб и одлуката за организирање на првите партизани, пред присутните евоцираше Ристо Марковски - од ОО на СЗБ од НОБ за Гевгелија.

Тој ја истакна важноста на воспоставена врска со населбите во кои партијата имала поголеми активности (Богданци, Конско, Серменин и Негорци) за вклученоста на поширокиот гевгелиски регион во Народноослободителната Борба.

Слава и почит за сите втемелени вредности, труд и борба на овие наши слободари!

Вечен спомен и сеќавање за нив!

 

 

Last modified on Петок, 26 Април 2019 - 12:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.