Топ Новости

Христос Воскресе низ гевгелиските храмови

Недела, 28 Април 2019

Со Велигденска божествена литургија која вечерва се служеше низ црковните храмови во Гевгелија, црквата „Свети Кирил и Методиј“ и црквата „Свети Спас“ беше одбележан најголемиот христијански празник Велигден. Тоа е најпознатиот и најсвечениот празник во христијанството кој го означува воскресението на Исус Христос, третиот ден по неговата смрт.

Велигденската боголсужба траеше со читање на велигденското послание, а во црквата гореше светиот оган од кој верниците палеа свеќи за здравје. Се верува дека огнот од оваа свеќи однесен во домот после богослужбата носи благодет во семејствата, поради што многу од посетителите на црковните храмови во Гевгелија вечерва по објавувањто на свечениот чин Христовото Воскресение, со запалени свеќи се враќаа дома.

Велигденската служба започна на полноќ со што се означува почетокот на Велигденското утро, кога се слави победата на Христа над смртта и тогаш завршуваат 40 дневните велигденски пости. Ова е единствена црковна цеременија која е прва и нема поголема и поважна и порано одржана од неа.

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Вечерва точно на поноќ се огласија црковните ѕвона да ја прогласат среќната вест за воскресението Христово. Во Гевгелија настанот го следеа стотици граѓани, кои не ги збираше црквата, ниту црковниот двор, па од околните улици кои ноќва беа затворени за сообраќај ја следеа церемонијата. Крајот на постот го означија со кршење на вапсаните јајца кои го означуваат животот и здравјето и се основна симболика на празникот.

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

 

 

 

Last modified on Недела, 28 Април 2019 - 01:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.