Топ Новости

СОУ Богданци со две музички награди на Регионалните хорски и оркестарски смотри

Понеделник, 29 Април 2019

 

Оркестарот и вокалната група при Средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци на 24 овој месец освоија две први награди на Регионалните „Хорски и оркестарски смотри“ организирани од страна на Здржението на музички педагози.

Со освоени вкупно 100 поени од максималните 100 тие станаа апсолутни победници во двете категории: оркестарска изведба и вокална изведба.

Своето претставување пред публиката и стручното жири СОУ „Богданци“ го имаше со композициите: носечката тема од филмот „Кум“, „О Sole mio“ во инструментална изведба и песните „Море чупи“ и „Stay“ во соло дисциплина.
Со освоените први места во двете дисциплини богданчани обезбедија сигурен пласман за државните „Оркестарски и хорски смотри“ кои ќе се одржат во Скопје во текот на следниот месец.

- „Успесите се резултат на посветеност и напорната работа. Овој успех е само мотивација повеќе за претстојниот настап во Бугарија“, вели нивниот професор по музика, диригент и музички педагог Ристо Лазаров, кој воедно ги поздрави заложбите на сите членови на оркестарот и пејачката група да бидат истрајни во пробите и успешни во своите музички настапи.

 

 

Last modified on Понеделник, 29 Април 2019 - 22:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.