Велигденски кражби во Дојран - украдени четири спомен бисти на македонски дејци

Четврток, 02 Мај 2019

На ден Велики петок, 26 април во Дојран, кој беше неработен празничен ден за православните христијани, во Дојран пријавена е кражба на спомен бистите во Паркот на великаните во Стар Дојран.

Службената дојава за кражбата е заведена во 11:30 часот во полицискиот дневник на Полициска станица во Нов Дојран. Предмет на кражбите биле сите четири бисти поставени на постамент со именувањето на преродбениците и дејците од ова место, значајни за историјата и растежот на Дојран и македонската книжевност.

Увид на лице место е извршено од службени лица од полициската станица Нов Дојран и Гевгелија, составен е записник од нивна страна и направени се фотографии од местото на кражбата – информираат од општина Дојран.

Оттаму известуваат дека истрагата за кражбата од страна на МВР е во тек и се надеваат на брзо пронаоѓање на сторителите и нивно соодветно санкционирање.


Паркот на великаните е дел од Градскиот парк во Стар Дојран, на неколку метри северозападно од влезот на административната зграда на оптина Дојран. На овој простор на 5 ноември, Денот на ослободувањето на ДОјран, во 2012 година беа свечено поставени спомен – бистите на Теодосиј Синаитски, Антон Панов, Христофор Жефаровиќ и Ѓорги Абаџиев, кои се значајни за општина Дојран.

Од општината изразуваат уверување дека истрагата ќе вроди со плод и дека бистите набрзо повторно ќе се најдат на своето спомен место, каде што припаѓаат за спомен и потсетник кон нивните дела во прилог на заедницата.

 

 

Last modified on Четврток, 02 Мај 2019 - 15:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.