Топ Новости

Болните гласаа со рекордни 96% во Гевгелија

Сабота, 04 Мај 2019

Денеска, сабота пред утрешниот избирен ден предвиден за гласање, во државата гласаа болните и изнемоштени лица, лицата кои издржуваат казна затвор и иселените лица во дипломатко конзуларните претставништва низ светот.

Во текот на денешниот ден во Гевгелија гласаа 145 болно лице од вкупно пријавените 151 во општина Гевгелија, што е искористено гласачко право од рекордни 96 од сто.
Од шестмината кои не гласале, 4-ца починале во периодот од првиот до одржувањето на вториот изборен круг на гласање, иако се пријавиле дека сакаат да го искористат своето гласачко право и да гласаат дома. Едно лице било сместено во Болница, каде гласањето не се изведува и едно лице не ја приложил до Избирачкиот одбор својата лична карта за идентификација, бидејќи не ја нашол. Со овие причини на неостварено право на глас поради починати и сместени во болничка установа, граѓанската одговорност на болните лица во Гевгелија е искористена со високи 99,34%.

Денеска гласаа и затворениците од општината. Од 38 лица на издржување казна затвор во КПД низ државата, денеска своето право на глас го искористиле 35 лица со жителство во општина Гевгелија евидентирани во Избирачкиот список на РСМ. Со тоа одзивот кај оваа група гласачи изнесува високи 92,1 %.

Спореднено со првиот изборен круг во Гевгелија за вториот круг беа пријавени 48% повеќе болни лица кои до максимум го искористија своето гласачко право.

Утрешниот изборен ден од 07 до 19 часот во општината ќе бидат отворени 37 избирачки места за гласање на 19.242 граѓани од одпштина Гевгелија и населените места кои имаат право на глас и се заведени во единствениот избирачки список утврден на 29.03.2019 година од страна на ДИК.

 

 

Last modified on Сабота, 04 Мај 2019 - 21:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.