Во Гевгелија излезност од 33,07% до 13 часот

Недела, 05 Мај 2019

Општинската изборна комисија во Гевгелија во 13 часот направи пресек на излезност на граѓаните со право на глас во сите 37 избирачки места во општина Гевгелија, од вториот изборен круг што се одржува денеска на 5 мај. Нивната бројка изнесува 6.354 граѓани кои гласале во првите 6 часа од глласачкиот ден кој започна во 07 часот.
Од вкупниот број на запишани гласачи во избирачкиот список кој изнесува вкупно 19.242 гласачи, тоа претставува излезност на една третина од гласачкото тело, или точно 33,07 од сто.

До крајот на гласачкиот ден има уште шест часа. Гласачките места се затвараат во 19 часот. Ако се оди со оваа динамика на излезност, тогаш се наметнува заклучокот дека Гевгелија и населените места со сигурност ќе можат да обезбедат цензуст на излезност на општинско ниво, на петтите по ред претседателски избори во државата.

Вчера, сабота гласаа 145 болни лица со опфатеност на 96% од пријавените болни да гласаат дома и 35 затвореници во КПД низ државата со место на живеење во општина Гевгелија според утврдениот избирачки список. Нивните гласови се додаваат на крајот од гласачкиот ден на вкупно добиените гласачки ливчиња од граѓаните кои го искористиле своето гласачко право.

 

 

Last modified on Недела, 05 Мај 2019 - 13:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме

Повеќе

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде

Повеќе

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на

Повеќе

Поставување на нови успорувачи низ улиците во Гевгелија

Работна екипа на фирмата „Ве груп“ од Радовиш денешниот неделен ден е на терен

Повеќе

Зголемен прометот на ГП Богородица, полицијата дели вода на патниците

Годишноодморските смени кои се изведуваат секој десетти ден во месецот и викенд

Повеќе

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати

Повеќе

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.