Меѓународна соработа на Општина Дојран за развој на туризмот

Петок, 10 Мај 2019

Најјужната туристичка дестинација во државата, Дојранското езеро и општина Дојран неделава беа посетени од меѓународни гости и експерти од Србија и Унгарија заинтересирани за развој на Дојран како туристичка дестинација.

Општината ја посетија економскиот советник (трговско атеше) на Амбасадата на Унгарија, г-дин Ервин Сел и експерти за екологија од факултетот „ФУТУРА“ од Белград. Тие при посетата во разговор со градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов, на заедничка работна средба договорија:

- изработка на долгорочна стратегија за развој на Дојран како туристичка дестинација;
- изработка на проекти за заштита и превземање мерки за заштита на Дојранското Езеро;
- привлекување на инвеститори од Унгарија за инвестирање во Општина Дојран.

- „Договоривме наскоро да биде потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Дојран и факултетот „ФУТУРА“ од Белград за продлабочување на соработката која ќе донесе бенефит за граѓаните од општината“, изјави градоначалникот Ангов.

Дојран за време на Велигденските и Првомајските празници беше преплавен од гости, а угостителските капацитети преполни. Освен инвестиции, паралелно треба да се планираат и потребни квалификациони подобрувања на кадарот ангажиран во областа на угостителството и туризмот, кои општината ги поседува, но за време на туристичката сезона се бара човек повеќе за работа по новоотворените туристички објекти.

 

Last modified on Петок, 10 Мај 2019 - 20:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.