Гевгелија превентивно со подготовки за претстојното невреме

Понеделник, 13 Мај 2019

Поради најавените циклонски активности во регионот на Балканот, кое ќе трае се до 17 мај, вчера со координативни мерки помеѓу надлежните државни и локални служби излезе и општина Гевгелија.

Градоначалникот на Општинта Сашо Поцков, ги координираше членовите на Кризниот штаб и претставници на други надлежни институции, по што договорени се неколку конкретни превентивни активности и мерки за дејствување пред и во случај на пообилни врнежи.

Побарана е мобилизација од страна на сите општински и државни институции и органи на територијата на Општина Гевгелија кои согласно надлежностите треба да преземат мерки за заштита од поплави и можно излевање на речните водотеци и одводните канали.

Подрачните единици на ДСЗ и ЦУК се задолжени да извршат детална проверка на исправноста на сите ресурси со кои располагаат заради навремено дејствување и превенирање на терен.

Од градежните фирми е побарано да ја стават на располагање сета градежна механизација за интервенции на терен доколку се наложи потреба за тоа,а од граѓаните се бара да ги почитуваат препораките, особено за обезбедување слободно движење на возилата кои ќе бидат ангажирани за превенција при евентуална природна непогода.

ТППЕ-Гевгелија да воведе дежурство и да изврши контрола на критичните точки од можното излевање на речните водотеци и одводни канали, посебно, на горниот тек од Сува река, Конска река кај мостот во Моин и одводниот канал Рауљ.

Наложено е ЈПКД„Комуналец“ да ги мобилизира сите свои расположливи човечки и материјално технички ресурси и истите да бидат во постојана приправност во периодот кој е детектиран како потенцијално критичен. Да се изврши контрола на шахтите во градот и во населените места и да се провери нивната пропусна моќ, како и другите критични точки во градот. Да се воведе дежурство на комуналните служби за превентивно дејствување.

Приправност и контакт со екипите на ЕВН за потреба од итна и правовремена реакција при евентуална потреба од исклучување на дистрибутивната мрежа со електрична енергија во определени загрозени зони.

На состанокот е наложено да се известат сите месни заедници за правовремено информирање на граѓаните за евентуална појава на загрозени зони и подрачја, како и пријавување на сите потенцијални опасности од излевање на природните и речните вопдотеци. Исто така се предупредуваат граѓаните дека и тие треба да ги почитуваат препораките, особено кога станува збор за обезбедување на слободно движење на возилата кои ќе бидат ангажирани заради превенција при евентуална природна непогода.

Сите информации за и околу моменталната состојба и поребата од помош може да се побара на дежурните телефони:
- 193 (ТППЕ-Гевгелија),
- 071 / 207 - 249 (ЈПКД„Комуналец“) и
- 034 / 213 - 843 на фиксниот телефонски број на општина Гевгелија.


Last modified on Понеделник, 13 Мај 2019 - 15:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме

Повеќе

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде

Повеќе

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на

Повеќе

Поставување на нови успорувачи низ улиците во Гевгелија

Работна екипа на фирмата „Ве груп“ од Радовиш денешниот неделен ден е на терен

Повеќе

Зголемен прометот на ГП Богородица, полицијата дели вода на патниците

Годишноодморските смени кои се изведуваат секој десетти ден во месецот и викенд

Повеќе

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати

Повеќе

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.