Во Гевгелија наврнати 21 литар дожд на м2

Среда, 15 Мај 2019

Синоќешните врнежи од дожд во Гевгелија донесоа воден талог од 21 литри дожд на еден метар квадратен. Врнежите кои започнаа во 22:20 часот траеја се до 01:45 после полноќ придружувани со слаб ветер со брзина од 6,3 метри во секунда.

Најавите дека ова е почеток на циклонот Андеа во државата сепак иако звучеа вознемирувачки, не се остварија. Врнежите беа без поголеми непогоди, што е добро за населението кое напати вознемирено ги следеше состојбите со бурата Андреа во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Од останатите места во државата најмногу врнежи во текот на изминатите 72 часа, откако се најавуваше временска дестабилизација во државата имаше во Лазарополе со наврнати 81 л/м2, 73 л/м2 во Маврово, 61 во Битола и само три литри на м2 во Дојран. Во Гевгелија за периодот од 12 мај до денеска има паднато врнежи од 23 литар на метар квадратен.

Податоците укажуваат дека врнежите се во стабилна граница за овој период од годината и дека циклонот „Андреа“ сепак е со централно место на удар во подрачјето на Босна и Херцеговина.

Метеоролозите предвидуваат постепена стабилизација на временските прилики, а за викендот сончево и топло со максимални 28 степени целзиусови во регионот на Гевгелија.


Last modified on Среда, 15 Мај 2019 - 11:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме

Повеќе

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде

Повеќе

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на

Повеќе

Поставување на нови успорувачи низ улиците во Гевгелија

Работна екипа на фирмата „Ве груп“ од Радовиш денешниот неделен ден е на терен

Повеќе

Зголемен прометот на ГП Богородица, полицијата дели вода на патниците

Годишноодморските смени кои се изведуваат секој десетти ден во месецот и викенд

Повеќе

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати

Повеќе

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.