Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Среда, 15 Мај 2019

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е резимето од настапот на учениците од основното училиште „Климент Охридски“ од Миравци на државните натпревари по овие три наставни предмети, кои се одржаа викендов на 11 и 12 мај.

На државниот натпревар по предметот македонски јазик што се одржа во ООУ „Блаже Коневски“ во Велес на 11.05.2019 година, ученичката Николина Ристова од IX одделение освои 96 поени и прва награда, а ученичката Благица Минчева од VIII одделение имаше успешно учество и пофалница. Резултатите беа споделени во соработка и под менторство на наставничката Маја Танова!

Истиот ден во Скопје на Универзитетот ФОН се одржа државниот натпревар по предметот англиски јазик каде ученичката Анѓела Иванова од VI одделение имаше успешно учество и освои 88 поени. Честитки за ученичката и менторот Никола Малевски!

На 12.05.2019 година на Машински факултет во Скопје се одржа 44-от државен натпревар по математика каде што ученикот Леонид Цуклев од VI одделение освои 80 поени и втора награда.
Во конкуренција беа 66 ученика од Општинските основни училишта од државата кои беа победници од претходно одржаните регионални натпревари по математика.
Првото место со 100 до 85 бодови го делат шестмина ученици. Второто место со бодови од 75 до 81 го делат 19 ученија, каде втор на листата е ученикот Леонид Цуклев од Миравци. Третото место од 60 до 70 бодови го делат 16 ученика, а останатите 25 добија пофалници.

Општинското основно учлиште „Климент Охридски“ од Миравци упати честитки за ученикот и менторот Тодорка Челевска Милиќевиќ!
На двајцата наградени и двајцата пофалени ученика им го честиташе успехот и им посака уште занења и остварувања.


Last modified on Среда, 15 Мај 2019 - 19:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.