Топ Новости

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Петок, 17 Мај 2019

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти пат се придружија на своите врсници од повеќе градови од Европа и го одиграа танцот „квадрил“.
Популарниот матурски квадрил е танц кој се игра на музика од штраусовата опера „Љиљакот“. Како симбол на здружување и созревање на една нова генерација млади во европските земји манифестацијата настанала во 2001 година. Нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Значи, матурската парада потекнува од Словенија и се одржува веќе 18 години по ред низ повеќе градови во Македонија, балканските и земјите од Европа.
Годинава гевгелиските матуранти ќе танцуваат точно на пладне заедно со нивните врсници од 70 градови во десет земји од Југоисточна Европа, испраќајќи порака за борба против насилството, за меѓусебна комуникација и толеранција.

Со прецизен такт, смена на партнери, наклони и насмевки, танцот на гевгелиските матуранти во центарот на Гевгелија се одвиваше синхронизирано со другите придружници на оваа меѓународна манифестацијата. Во Гевгелија оваа шаренило од игра, бои и насмевки привлече многу публика која со задоволство им аплаудираше на крајот од матурската парада, која го симболизира новното созревање и крајот на средношколското образование.

Освен убавата музичко-танцова гледка за намерните и случајните минувачи на шеталиштето кои со љубопитност ја проследија годинешната „Матурска парада“, настанот има за цел и да испрати порака за не насилство и толеранција.

Организатор на настанот е СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, а покровител општина Гевгелија.

 

 

Last modified on Петок, 17 Мај 2019 - 13:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.