Топ Новости

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Недела, 19 Мај 2019

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во комплексот „Минерални Бањи Негорци“ организираше работилница на тема "Кинезитерапија во домашни услови при повреди на рбетен столб со трајни последици", на која предавач беше физиотерапевтот Иван Кајтазов.
Кајтазов, пред бројниот аудиториум на членови и посетители на работилницата, исцрпно ја истакна неопходноста на кинезитерапијата во секојдневието на лицата со телесен инвалидитет, особено за поквалитетен и посамостоен живот на лицата со инвалидитет. Во своето предавање посебно се задржа на носечката тема - потребата од кинези терапија кај лицата со повреди на рбетен столб, со трајни последици.

Освен едукативниот дел, работилницата имаше можност и за потсетување на носечките проблеми на лицата со телесен инвалидитет, освен одржувањето на нивното здравје и прашањето за нивна социјална инклузија.
За тоа придонес имаа организаторите „Мобилност“ Гевгелија и ангажманот на претседателката Даниела Гошева Кангов, како и на соорганизаторот „Мобилност Македонија“. Претседателот на „Мобилност Македонија“ Г-дин Бранимир Јовановски во своето обраќање пред присутните ја нагласи важноста на социјалната инклузија и пристапноста за лицата со телесен иналидитет кои за жал сеуште не се ни задоволителни, а се неопходни за секојдневно функционирање и незавнистост на лицата со телесен инвалидитет.
Даниела Гошева Кангов потсети дека здружението „Мобилност“ годинава го слави својот 30 годишен јубилеј од своето постоење и функционирање, изразувајќи дека и понатаму ќе бидат тука за да се ангажираат за видливост на овој дел од заедницата, за нивните потреби, барања и гласност за нивните проблеми во остварувањето на нормален живот како ској поединец во општеството. 

Пораките за овозмжен пристап на инвалидизираните лица до јавните установи организаторите и членови на Здружението „Мобилност“ Гевгелија ги упатија директно до градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, со иницијатива за поголеми залагања на планот на пристапни тротоари, спуштени сегменти за качување на истите и непречено движење по истите кое неретко го попречуваат паркирани автомобили, исто така за потребата од пристапни и достапни институции од јавен и приватен карактер, како за тоа дека рампите што се ставаат пред објектите најчесто се нефункционални, бидејќи се многу стрмни, а и се неупотребливи.

Членовите на здружението изразија надеж за конкретна соработка во иднина на локално ниво и остварување на горе споменатите барања.

Работилницата заврши со благодарност до правните субјекти кои ја помогнале работнилницата за нејзината едукативна мисија да стигне до оние до кои е наменета, а тоа се лицата со телесен инвалидитет и потребата од одржување на здравјето со помош на современи терапевтски методи.

Секое ново искуство може да биде корисно, а заеднички споделените проблеми и барања до надлежните, имаат поголема проодна моќ на патот кон нивното остварување. Им посакуваме добра понатамошна активност на „Мобилност“ со надеж да станат мобилни активатори на своето членство како чинители на нашата заедница.


 

Last modified on Недела, 19 Мај 2019 - 23:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Висока 62,17% излезност до 19 часот во Гевгелија

Гевгеличани ги рушат рекордите по број на излезност во својата општина на секој

Повеќе

Излезноста од 52,35% во Гевгелија до 17 часот, на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Излезноста во Гевгелија до 17 часот е 44%, а на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Во општина Гевгелија излезност од 34,63% до 13 часот

Во текот на денешниот ден за гласање на 10-те по ред Парламентарни избори во

Повеќе

Денес гласаа 179 болни лица во општина Гевгелија

Од вкупно пријавените 8.846 болни, хронично болни, изнемоштени и лица згрижени

Повеќе

Од утре на летување на државен трошок - Ваучерите за туризам стапуваат во

Туристичкото лето и капацитетите од понудата на домашните летни, бањски,

Повеќе

Тешко повреден 19 годишен мотоциклист од Гевгелија

Од денешниот билтен на евидентирани полициски извештаи за кои јавува МВР

Повеќе

Денес гласаат 697 лица во карантин и самоизолација, еден е од Гевгелија

Во трите дена за гласање определени за изјаснување на граѓаните на 10-те по ред

Повеќе

Прес на СДСМ Гевгелија - Претседателот Видимче со порака до гласачите да

На 15 јули треба да гласаме за продолжување на сигурниот пат на напредокот што

Повеќе

Заев и Димитров во Миравци: „Сите правци водат во Миравци“

Миравчани горди што од своето место ќе го имаат новиот пратеник од редовите на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.