Топ Новости

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Четврток, 23 Мај 2019

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија одбележан со дводневни активности на учениците и наставниот персонал со бројна публика родители и следбеници на работата на ова училиште.

По тој повод вчера и денеска учениците и наставниот кадар реализираа културно-уметнички, спортски и други активности во чест и одбележување на својот патрон.
Воедно се одбележува и 61 годишната образовна дејност на оваа институција, 61 генерација ученици со оформено образование токму во редовите и клупите од ова училиште.

Синоќа во Народниот театар во Гевгелија се одра сценско-уметничка програма во која учество зедоа ученици од повеќе класови подготвени од своите предметни наставници.
Денеска одбележувањата започнаа со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот Крсте Петков Мисирков, што се наоѓа во холот на училиштето. Цвеќе положија директорот на училиштето, претставник од Управниот одбор на училиштето и претставник на Училишната заедница, а ученици читаа пригодни беседи за патронот и неговата книжевна и образовна дејност.
Денешните одбележувања продолжија на спортското игралиште во училиштето каде беа одржани спортки натпревари во кои учествуваа како учениците, така и дел од колективот на наставници. За одбележување и пофалба е што учениците успеаја да ги надиграт своите наставници и да победат во фудбал со резултат 4:3 за учениците. Радости и аплаузи од публиката која ги следеше натпреварите беше громогласна.

Друга група ученици со креативни цртежи на бехатон плочките од училиштето ги пренесоа своите пораки во чест на патронот и образовната дејност.

Одбележувањата продолжија со пригоден коктел на колективот и гости соработници каде директорот Михаил Петров упати честитки до сите за посветената работа и досега остварени резултати, како во секојдневните обврски во изведувањето на наставната програма, така и во низата награди што ги носат учениците со наставниците ментори од бројни, општински, регионални и републички натпревари со што достоинствено ги претставуват вередностите на 61 годишниот растеж на ова училиште.


Last modified on Четврток, 23 Мај 2019 - 13:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.