Топ Новости

Првите капачи во Дојран

Недела, 26 Мај 2019

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен целзиусови донесе многу гости и викендаши на брегот на Дојрансккото езеро и првите капачи.
Забележителни беа групните туристички посети по хотелските комплекси, полните ресторани и угостителски објекти, но и плажите ги добија своите први уживатели на сонцето и водата. Некои се сончаа, некои играа на песокта, некои се освежуваа во езерските води.

Дојран е подготвен за претстаојната туристичка сезона, со песочни плажи, обновени чадори од трска, лежалки. Недостасуваат соблекувални за капачите, но сигурно ќе ги има за време на летната туристичка сезона.

Езерото со своите води стасало до бетонскиот ѕид на некогашната стара плажа во центарот на Стар Дојран. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, водостојот на езерото е 10 сантиметри под дозволениот максимален водостој. Сега изнесува 147,24 мнм (последно мерење извршено на 23 мај во 7:30 часот), а просекот во мај изнесува 144,39 мнм. Температурата на водата измерена во четвртокот (последен податок за мерење од УХМР) е 19,6 степени целзиусови, а денеска на топлото сонце е сигурно повисока и попријатна за уживање при првото капење во езерото.

 

Last modified on Недела, 26 Мај 2019 - 13:17

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Летна еколошка акција во Гевгелија

Во пресрет на почетокот на учебната година Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“

Повеќе

Продажба на градежно земјиште во Гевгелија

Единаесет градежни парцели во државна сопственост, со вкупна површина од 10.991

Повеќе

Авиони-канадери го угаснаа пожарот кај Мамино на Погана

Пожарот кој вчера беше регистриран во областа Мамино, на Погана, во близина на

Повеќе

Агенцијата за медиуми решава за прекршоци на 4 локални телевизии

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница

Повеќе

Се асфалтира последниот километар од патот Негоци-Серменин

Патот долг 27 километри од Негорци до планинското село Серменин на Кожуф

Повеќе

Амазонија гори две недели, чадот се гледа од вселената

Бразилската вселенска агенција извести дека бројните пожари кои ја зафатија

Повеќе

Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во

Повеќе

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.