Топ Новости

Пензионерски спортски игри во Гевгелија

Вторник, 28 Мај 2019

Здружението на пензионери од Гевгелија денеска е домаќин на Пензионерските спортски игри за екипите од Сојузот на пензионери од петтиот регион, каде припаѓа и нашата општинска организација на пензионери.

Пензионерите од осум општини од регионот Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Кавадарци, Неготино, Велес и Демир Капија се построија да ги претстават своите натпреварувачки екипи на Спортското игралиште во градот домаќин. Овде најавија дена ќе се натпреваруват во 11 спортски дисциплини, и тоа: тегнење на јаже, трки на 80 метри за мажи и 60 метри за жени, фрлање на кугла, скок од место, стрелање со воздушна пушка, слободни фрлања во кошарка, изведување пенали на мали голови, шах, пикадо, домино и табла.

Поздравувајќи ги учесниците на 24-те спортски пензионерски игри Потпретседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Чока Ментор, ја истакна важноста на овие спортски собирања,кои на пензионерите им овозможуваат активно стареење и меѓусебно другарување. За виталноста н а пензионерите и организационата ширина на спортските игри зборува податокот што тие пред 23 години се натпреварувале во само три дисциплини, а сега интересот е поголем и дисциплините се проширија на севкупно 11 .

Токму заради бројноста на дисциплините и бројноста на учесниците, во Гевгелија домаќинот ги отвори на располагање просториите на Пионерскиот дом, на Спортската сала 26 Април и терените на градскиот стадион.

Од името на домаќинот, Здружението на пензионери Гевгелија бројните учесници ги поздрави претседателот на гевгелиската пензионерска организација Велин Стојменов кој им посака пријатен престој и фер спортски натпревар меѓу учесниците. Здравјето и виталноста е нивната победа со самото тоа што се учесници на пензионерските игри. Но, кога веќе мора да има победницикако што е во секој спорт, најави дека победниците поединци и екипно ќе се стекнат со право на учество на Републичките пензионерски спортски игри што ќе се одржат во месец септември.

Добредојде на учесниците им посака и градоначалникот на општина Гевгелија посакувајќи им спортска среќа на сите учесници кои на овој начин искажуваа активна духовна релаксација и порача да победат најдобрите.

Првите Републички пензионерски спортски игри се одржани во 1996 година во Охрид со 150 учесници, а следната година 1997 домаќин била гевгелиската пензионерска организација, кога бројот на учесници бил дуплиран со 350 учесници. Денешните спортски регионални игри е домаќинска улога на Организацијата на пензионери во Гевгелија на регионално ниво со учество на над 200 пензионери.


Last modified on Вторник, 28 Мај 2019 - 18:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.