Топ Новости

Две златни, три сребрени и четири бронзени медали за гевгелиските пензионери

Среда, 29 Мај 2019

На Регионалните пензионерски спортски игри кои се одржаа вчера во Гевгелија, домашните екипи во 11 дисциплински спортски борби успееја да освојат вкупно 9 медаљи од кои две златни, три сребрени и четири бронзени медаљи.

Носители на прво место се екипата на пензионери (мажи) во дисциплината „шутирање мали голови“ и дисциплината „шутирање на кош“ повторно мажи од ООЗП Гевгелија.
Женската екипа на гевгелиските пензионери се пласираше на второ место во категоријата „шутирање на кош“. Останатите сребра отидоа во рацете на екипите мажи во натпревар со „пикадо“ и „теглање јаже“.

Бронзените медаљи и освоените трети места за гевгеличани се во категориите: „трчање на 80 метри“ и „гаѓање со воздушна пушка“ за мажи, и „пикадо“ со „шутирање на мали голови“ за жени.

Севкупен победник на Регионалните спортски пензионерски игри, за петтиот регион во кој припаѓа и Гевгелија е Здружението на пензионери од Кавадарци кој учествувајќи во сите 11 спортски дисциплини со по две екипи од машки и женски состав освои вкупно 212 поени. Како најуспешен на игрите ЗП од Кавадарци го доби преодниот пехар за победник на Регионалните спортски пензионерски игри за петтиот регион од државата.

Останатите пласмани се следните: Велес со 198 поени е на второ месо, Гевгелија со освоени 124 поени е на трето место на севкупната ранг листа на бодови во сите категории во кои учествуваа гевгелиските пензионери.
Од регионот Богданци е на четврто место со 107 бодови, Неготино на петто место со освоени 95 бодови, следува Дојран на шесто место со освоени 59 бодови, Демир Капија со 58 бодови е на седмо место и последно пласирани се Валандовчани со 23 поени.
Треба да се напомене дека Општинските здруженија на пензионери учествуваа со одреден број свои екипи, незадолжителни и бројот на бодовите е добиен со поените освоени во дисциплината во која настапувала одредена општинска екипа на пензионери.


Општинската организација на Здружението на пензионери од Гевгелија и нејзиниот претседател, пензионираниот професор Велин Стоименов се задоволни од организационата домаќинска улога која ја имаа на Регионалните спортски пензионерски игри.
- „Ова е еден вид мала олимпијада. Пречекавме над 300 натпреварувачи од осум општини, заедно со судиските состави и претставници на општинските здруженија на пензионери и Републичкиот сојуз на пензионери повеќе од 380 учесници, судии и гости. Како домаќини обезбедивме терени и простор за одвивање на сите 11 натпреварувачки дисциплини, со потребната опрема и спортски реквизити. Обезбедивме 162 медаљи во сите натпреварувачки дисциплини за првите три места (златни, сребрени и бронзени), како и благодарници за сите Општински организации на пензионери за нивното активно учество на спортските игри. Како внимание за активните пензионерки, надвор од програмата подаривме и букет цвеќиња за сите пензионерки учеснички на спортските игри за петтиот пензионерски регион во државата“, вели за GevgelijaNET претседателот на ОО на ЗП за Гевгелија, Велин Стоименов.

Тој навести дека овие игри се дел од програмата на Сојузот на здруженијата на пензионери во Македонија и се одвиваат во текот на мај и јуни. Досега се одржани Регионални спортски пензионерски игри во регионот на Скопје, Злетово, Крушево, вчера во Гевгелија. Програмата продолжува со спортски регионални игри во Радовиш, Гостивар, Берово и Струга кои ќе се одржат во текот на месец јуни. Победниците од сите дисциплини од Регионалните спортски игри од сите осум пензионерски региони во државата ќе учествуваат на Републичките игри кои ќе се одржат во текот на месец септември 2019.

- „Задоволството е големо да се биде домаќин на една ваква спортска пензионерска манифестација, дотолку повеќе што со учество не удостои и Потпретседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Чока Ментор, кој изрази честитки за организацијата на гевгелиските пензионери и обезбедените терени на Спортската сала, Градскиот стадион и просториите на Пионерскиот дом. Како поново раководство, стапувајќи на функција на 23 март на изборното Собрание годинава, сметам дека задоволството на учесниците на Игрите и самите гости кажува многу за нашата посветенот да бидеме пензинери во активна и организациона подготвеност како вредни домаќини“, изјави претседателот, Велин Стоименов.

Им честитаме на сите победници и носители на медаљи, а на учесниците им посакуваме добро здравје за понатамошна виталност во нивниот живот.

 

Last modified on Среда, 29 Мај 2019 - 12:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.