Шестгодишна соработка меѓу Гевгелија и Пазин

Петок, 31 Мај 2019

Збратимениот град Пазин денеска го прославува својот општински празник, што е повод за возвратна посета од делегација на општина Гевгелија.
Општинска делегација од Гевгелија ја сочинуваат градоначалникот на општината Сашо Поцков, претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов и член на Советот на општината Тодор Ристов.

Делегацијата од Гевгелија, заедно со домаќините и збратимените општини Јабланица и Параќин предпладнево положија цвеќе на паднатите борци за слобода од овој крај, на градските гробишта „Мој мир“.

Потоа, делегацијата присуствуваше на свечената седница на Советот на градот Пазин, на која свое обраќање имаше градоначалникот Ренато Крулчиќ. По повод општинскиот празник, на свечената седница беа доделени признанија и награди на градот Пазин. Притоа, беа презентирани досегашните резултати во развојот на Пазин, кој всушност е седиште на Истарската жупанија. Посебно во локалниот економски развој како резултат на развиеното задругарство.

Општина Гевгелија и градот Пазин се збратимија во јануари 2013 година и во овој период, покрај редовните контакти и соработка, беше заеднички реализиран проектот за унапредување на комуникацијата и транспарентноста во рамки на програмата „ЕУ за граѓаните“. На средбата со градоначалниците од збратимените општини и домаќините стана збор и за унапредување на соработката. На овој план се истакнуваат можностите за заедничките настапи пред европските инвестициони програми, но и поврзување на бизнис заедницата помеѓу општините како грант партнери во соработката со Европската Унија. Притоа, како посебни значајни се посочени искуствата на Пазин на овој план.

Општината Пазин со своите 9.000 жители е најмала во Хрватска, но и со најмала невработеност од само 7 отсто. Со заедничка заложба добрите искуства од двете општини дoгoвoрено е да се споделат за доброто на граѓаните на Гевгелија и Пазин.

Вчера градоначалникот Крулчиќ го најави продолжетокот на проектот „Пресметка Пазин“ со кој граѓаните сами бираат кои комунални проекти ќе се градат на ниво на општината во вредност од 800.000 куни (национална валута во Хрватска).
Денот на градот Пазин, центарот на Истарската жупанија ќе се одбележува со низа свечености од денеска 31 мај до 13 јуни.


Last modified on Петок, 31 Мај 2019 - 18:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.