Топ Новости

Одбележувања на Свети Спас - патронот на Гевгелија

Понеделник, 03 Јуни 2019

Од денеска 3 јуни, па се' до четврток 6 јуни во Гевгелија ќе се одбележува патронот и заштитник на градот, Свети Спас.
По тој повод општина Гевгелија со подршка на Министерството за култура организира културни одбележувања наменети за посетителите и жителите на градот.
Вечерва, во Наротниот театар со почеток во 20 часот гостува Театарот „Jордан Хаџиконстантинов Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“. Интересна саркастична пиеса која е одраз на лицемериото на 21 век, современа постава која својата премиера ја имала во Лондон во 2000 година, на почетокот од веков.

Утре е Рамазан, па се оставаат празнувањата за поклониците на овој празник.

Во средата 5 јуни продолжуваат одбележувањата посветени на гевгелискиот патрон со настап на ансамблот „Македонија“, кој работи во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На концертот, кој започнува во 20 часот, ќе биде презентирана македонската староградска музика низ песна и игра. Сцената е отворена за сите намерници пред платото на градската библиотека во Гевгелија.

Завршните одбележувања на Спасовден се со манифестацијата „Распеана чаршија“, која ја негува македонската староградска песна, а ќе се одржи на 6 јуни (четврток). Добредојдени се сите поклоници на Спасовден пред сцената на платото пред споменикот на Сава Михајлов, во центарот на Гевгелија каде ќе настапат пеачките групи и ансамбли од неколку градови во земјата.

Организатор на настаните е Домот на културата во Гевгелија, а годинашната програма се одржува под мотото „Свети спасе зелен класе“.


Last modified on Понеделник, 03 Јуни 2019 - 13:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.