Одбележан патронот на ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран

Понеделник, 03 Јуни 2019

Вредните ученици од Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ од Нов Дојран, заедно со наставниот персонал и гости од локалната самоуправа денес го одбележаа патрониот празник на училиштето.

Децениите образовна дејност во ова населено место е под закрилата и литературниот спомен на македонскиот поет, книжевен деец и комунистички активист Коста Солев Рацин од Велес. Коста Солев Рацин (1908 - 1943) е една од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература. Пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија. Загинува на 34 годишна возраст во местото Лопушник на 13 јуни 1943 година за време на Народоноослободителната Борба.

По повод 76 одишнината од неговата несреќна смрт и децениите образовна дејност во Нов Дојран, одбележувањата на патронатот започнаа со положување свежо цвеќе на бистата од Кочо Рацин која се наоѓа во дворот на училиштето. Директорката на ООУ, градоначалникот Анго Ангов, претставници на наставничкиот совет и од локалната самоуправа со наклон искажаа почит во втемелените вредности на овој плоден и значаен македонски книжевник, поет и литературен деец, наш најдобар поет помеѓу двете светски војни - инаку истакнат работнички и комунистички деец за време на НОБ.

Потоа одбележувањата продолжија со културно уметничка програма подготвена и изведена од учениците. На сцената пред присутната публика беа почестени со внимание, признанија и вредносни ваучери од Општина Дојран сите наградени ученици на општински, регионални и републички натпревари од областите на наставните предмети кои се дел од образовниот систем на училиштето.

Градоначалникот Ангов додели вредносни ваучери на двајца ученици кои се натпреваруваа и освоија прво и второ место на државни натпревари и пофалници и благодарници на заслужни ученици за постигнати успеси на регионални и училишни натпревари.
Тој изрази благодарност до наставниците и учениците за прекрасната организација и им посака да имааат успеси во иднина и како во учењето така и во реализацијата на своите стекнати училишни знаења со цел да станате позитивни промотори на училиштето и на општина Дојран.

 

Last modified on Понеделник, 03 Јуни 2019 - 22:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

Запален автомобил предизвика застој пред Смоквица

Пред половина час на автопатот „Пријателство“ на делницата од Смоквица кон

Повеќе

16 медаљи за гевгелиските математичари на „Кенгур без граници 2019“

Меѓународниот натпревар „Кенгур без граници“ кој се одржува во исто време во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.