НАТО презентација - „Запознајте ги војниците“ во Гевгелија

Сабота, 08 Јуни 2019

Попладнево, во центарот на Гевгелија 25 војници на АРМ и 15 војници на САД со опрема и возила пред гевгеличани ја демонстрираа подготвеноста на НАТО силите за одбрана на безбедноста на земјата.

Ова е дел од вежбата „Одлучен удар“ која деновиве се одвива на полигонот кај Криволак, а на која учествуваат 2.700 припадници од армиите на шест држави: домаќинот Македонија, потоа Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.

Гевгеличани, а особено помладите со интерес го проследија јавниот настан кој за прв пат се одржува во Гевгелија, со посета на војници од армијата на САД и АРМ. На двете страни од улицата во центарот воцентаротна Гевгелија беа паркирани, отворени и достапни за секој љубопитен гледач да влезе во возилата, да погледне низ војничкиот визор од паркираните: Страјкер, Хамви, FMTV, Ивеко камион, Мерцедес санитетско возило, Кобра со митралез, Хамер и Хермелин.

Најмногу внимание кај децата привлече маскираниот снајперист со далекустрелно снајперско оружје 12,7 mm „Црна стрела“ со дострел од 1.200 метри, кој трпеливо позираше со децата.

Посетите на дел од единиците од вежбата на НАТО „Одлучен удар“ кои вечерва беа во Гевгелија, ќе продолжат со средби со граѓаните уште во седум други градови, и тоа: Свети Николе, Кавадарци, Радовиш, Струмица, Битола, Тетово и во Скопје на 5 јули, со што завршуваат презентациите „Запознајте ги војниците“, изјави за GevgelijaNET потполковникот Мартиновиќ од составот на АРМ.


Last modified on Сабота, 08 Јуни 2019 - 21:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.