16 медаљи за гевгелиските математичари на „Кенгур без граници 2019“

Недела, 09 Јуни 2019

Меѓународниот натпревар „Кенгур без граници“ кој се одржува во исто време во земјте од Европа и годинава привлече илјадници млади математичари во натпревар по знаењата и предизвиците од математиката.
После првиот круг одржан во март годинава, вчера на Машинскиот факултет во Скопје се одржа вториот круг од натпреварот по математика „КЕНГУР 2019“, а во организација на Сојузот на математичари на Македонија. За пофалба е што учениците од ООУ „крсте Мисирков“ од Гевгелија се вратија со 16 освоени медаљи, и тоа осум златни за освоено прво место, четири сребрени и четири бронзени медали за освоени втори и трети места во своите наставни дисциплини. Тоа се вкупно 38% наградени ученика од вкупниот број на 42 ученика/учесника од ова гевгелиско основно училиште.

Ќе ги издвоиме најголемите: Ученичката Даниела Јованова го освои I-то место и се стекна со Диплома и златен медал за математичките знаења од возрасната хрупа за IX одделение.
Ученикот Благоја Панов, од IX-то одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ исто од Гевгелија ја освои третата награда и бронзен медал на финалниот круг на „Кенгурко 2019“.

Финалниот круг на „Кенгур без граници 2019“ за ученици од основно образование го следеше комисија на Сојузот на математичари на Македонија, а дипломите ги потпиша Претседателот на Бордот на „Армаганка“ за меѓународни натпревари, проф. д-р Алекса Малчески, од името на организаторот на „Кенгурко 2019“.

Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2019“ се одржува секогаш на ист ден во цела Европа и на истиот активно учествуваат ученици од сите земји. Целта на овој натпревар е да се зголеми интересирањето за математиката и природните науки, да се зголеми степенот на логичкото размислување кај учениците, како и да се искорити стекнатото знење по математика.

ООУ „Крсте Мисирков“ горди на успесите на своите ученици испорачаачеститки со пораките:
„Прекрасен МАТЕМАТИЧКИ ДЕН. Втор круг КЕНГУР 2019
Прекрасни успеси. Иако учебната година завршува, љубовта кон математиката е голема. Осум златни медаљи. Четири сребрени и четири бронзени медаљи, а останатите пофалени.
Честитки до сите натпреварувачи од IV до IX одделение и до нивните ментори за постигнатите успеси“.

Им честитаме и ние за сите постигнати успеси и за знаењето кое го покажаа со учество на овој математички престижен меѓународен натпревар.

 

Last modified on Недела, 09 Јуни 2019 - 15:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.