Топ Новости

Почнува летниот распуст за учениците

Понеделник, 10 Јуни 2019

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот распуст.

Во подрачните и четирите општински основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, „Климент Охридски“ од Миравци и „Ристо Шуклев“ од Негорци, во специјализираното основно училиште за музичко образование „Васо Карајанов“, како и во општинскиот средношколски училишен центар „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија денеска завршува наставата за близу 2.800 основци и средношколци и над 200 вработени наставници и наставен персонал. Првата година помината во училишните клупи заврши и за 202 првачиња од општината.
Со пригодни програми подготвени од децата ученици денеска се прославуваше последниот училишен ден. За многумина тоа е крај на училишните обврски и почеток на летниот распуст.

Последен училишен ден од учебната 2018/2019 денеска е и за 270.000 ученици во државата од кои 20.000 првачиња.


За полуматурантите, првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни.

На матурантите им претстојат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август.


Last modified on Понеделник, 10 Јуни 2019 - 14:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.