Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Среда, 12 Јуни 2019

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од Хрватска и исто толку години остваруваат посети, размена, соработка.
Денеска, по повод општинскиот празник 12 јуни, делегација на општина Дојран е во посета на збратимената општина Медулин. Делегацијата ја предводи градоначалникот Анго Ангов, а заедно со него се и претставници од локалната самоуправа како и претседателот на Младинскиот Совет на Дојран, Ристо Џинов.

На свечениот ден на општината Медулин денеска делегацијата од југот на Македонија беше примена во кабинетот на градоначалникот на Медулин, Горан Буиќ.

Градоначалникот Горан Буиќ им изрази добредојде на гостите и ги поздрави сите членови на македонската делегација од Дојран, заблагодарувајќи им се на долгогодишна соработка меѓу двете општини, која трае од 2012 година, со потпишување на договор за збратимување.
Домаќинот, Градоначалникот Буиќ им ја презентираше програмата што ги очекува во овој тридневен престој во Општина Медулин и со особено задоволство ги покани денес во 18 часа на свечена седница на Советот на општината по повод Денот на Општина Медулин и отворање на Археолошкиот парк Вижула во 19 часот.

Градоначалникот Дојран Анго Ангов, заблагодарувајќи се за срдечниот прием во збратимената општина Медулин изјави дека му е задоволство да соработува со таква општина од која може да понесе искуства од различни области со оглед на степенот на развиеност на Општината Медулин. Тој на својот колега Буиќ му подари плакета со грбот на Општина Дојран за спомен и сеќавање на посетата и соработката.

На присутните им се обрати и претседателот на Советот на Општина Медулин Ана Жуфиќ, како и претседателот на Советот на младите од општина Дојран, Ристо Џинев, по што сите заедно заминаа на разгледување на општината и нејзините знаменитости.

Општината Медулин е дел од Истарската жупанија во Република Хрватска. Има околу 6.500 жители. Основана е на почетокот од 1993 година, а до тогаш била дел од Општина Пула. Медулин е сместен на самиот југ од Истарскиот полуостров. Излезот на море и туризмот како стопанска предност на регионот ги приближиле за соработка со Дојран и традиционалните вредности на дојранскиот туризам.


Last modified on Среда, 12 Јуни 2019 - 19:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.