Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Вторник, 18 Јуни 2019

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички консултативен состанок на Комитетот на регионите од Република Северна Македонија.

Во повеќе бројната делегација покрај претставници од ЗЕЛС се и градоначалници на десетина општини од земјава, меѓу кои и градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.

Тема на ова заседание на Заедничкиот комитет е Ден на проширување. Имено, во стратегијата за Западен Балкан усвоена на 6 февруари, 2018 година, Еврoпската комисија објави шест водечки иницијативи за поддршка на напорите за трансформација во регионот. Две од шестте – владеење на право и социо-економски развој – се од особена важност за локални и регионални власти. Владеење на право не е академски апстракт, туку апсолутен услов за добро владеење. Социо-економскиoт развој е нешто што ќе го очекуваат граѓаните да го видат на крајот од сложени и некогаш болни реформи. Овогодинешниот Ден на проширување ќе ги истражува врските помеѓу поддршката на ЕУ на регионот и овие две цели.

Заедно со нејзината Екселенција, Агнеза Руси Поповска - Шеф на мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ, Сухеји Фазлиу - Министер за локална самоуправа, Петре Шилегов - градоначалник на Скопје, Претседател на ЗЕЛС, Претседател на мрежата на здруженија на локални власти на Југоисточна Европа (NALAS), Благој Бочварски - градоначалник на општина Штип, ко-претседавач на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет се и градоначалници од земјава кои дебатираа во свој домен на теми.
Така градоначалничката на Мак. Каменица, Соња Стаменкова ги истакна дебатирањата за последните подобрувања и состојбата на тековните реформи, како и поддршката и придонесот добиени на суб-национално и национално ниво од продлабочувањето на односите помеѓу земјата и Европската унија. Исто така, во рамки на консултативното тело, се дебатира за Јакнење на доброто владение на локално и национално ниво, европските вредности и принципи по неодамнешното објавување на Пакетот за проширување и важноста на одлуките донесени во врска со отворањето на пристапните преговори.

Во своето обраќање до присутните, помеѓу кои беше и Јасна Габриќ ( SI/ALDE) - Градоначалник на општина Трбовље, копретседавач на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет, го истакнав напредокот кај локалните власти од земјата во областа на родовата еднаквост.
ЗЕЛС како клучна институција во спроведување на активностите предвидени во Националниот план за имплементирање на Инстанбулската конвенција, во соработка со МТСП како носител на активноста ќе учествува во изменување и дополнување на Законот на еднакви можности на мажите и жените.


Last modified on Вторник, 18 Јуни 2019 - 18:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.