Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Четврток, 20 Јуни 2019

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска волонтери на оваа меѓународна организација комуницираат со граѓаните и споделуваат сочувства со принудно расселените бегалци по светот.

Денеска 20 јуни е Меѓународен ден посветен на бегалците.

Меѓународното бегалско право е дел од меѓународното право кое се занимава со правата и заштитата на бегалците. Тоа содржи правно-обврзувачки норми, меѓународни правни инструменти со кои се уредуваат прашањата поврзани со бегалците. Меѓународниот инструмент за уредување на ова право е Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците од 1951 година, донесена од Обединетите нации и Протоколот кон оваа Конвенција, донесен во 1967 година, и досега Конвенцијата ја ратификувале 145 држави, додека Протоколот 146 држави во светот.
Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година, кога била усвоена Резолуцијата 55/76 со која се означува 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците.

Според статистиката на УНХЦР (Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации) низ светот има близу 60 милиони принудно раселени лица, а дневно околу 43.000 луѓе бегаат од своите домови барајќи заштита надвор од територијата на својата држава.

Македонија ги почитува меѓународните конвенции, а со Транзитниот центар „Винојуг“ кај македонско-грчката граница им пружа помош на бегалците од јужноафричките и азиските подрачја зафатени со внатрешни воени конфликти.

Со фотографија на штандот поставен во центарот на Гевгелија и споделување на социјалните мрежи со хаштагот #StepWithRefugees бројни гевгеличани го запоседнаа штандот во Гевгелија и на овој начин покажаа солидарност со бегалците, лицата кои биле приморани да ги напуштат своите домови.
Овие активности со типизирани штандови се спроведуваат уште во Скопје, (пред Сити мол, Бисер, и на влезот на ГТЦ кон Плоштад) и во Куманово (плоштад).

Гевгелија е дел од оваа меѓународна акција на UNHCR. Испратете порака на поддршка на меѓународната грижа кон оваа категорија луѓе, со посета на штандот на UNHCR кој во центарот на Гевгелија Ве очекува до 20 часот и споделете ја Вашата поддршка со #StepWithRefugees.



Last modified on Четврток, 20 Јуни 2019 - 14:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.