Топ Новости

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Четврток, 20 Јуни 2019

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ "Гоце Делчев" - Валандово, под менторство на проф. Ташка Гетова и проф. м-р Стојан Манолев, со својот проект, во категорија "Science", се пласираа меѓу најдобрите во финалето на "Genius Olympiad", кој се одржува во Oswego, New York, America.

Од почетокот на неделава тие се во Њујорк каде учествуваат на Олимпијадата за млади научници од 17 - 22 јуни 2019. Таму, валандовските ученици ќе се претстават со иновативен производ кој придонесува во процесот на рециклажа на алуминиум и има позитивно влијание врз животната средина, а воедно и го олеснува секојдневниот живот на луѓето. На олимпијадата учествуваат земји ширум светот.

За својата инспирација за проектот и учеството на оваа меѓународна олимпијада двајцата ученици изјавуваат:
- „Часовите по физика и проектната по иновации ја пробудија креативноста во нас и ни' дадоа силна мотивација да направиме ваков проект, производ кој има позитивно влијание врз животната средина, а воедно и го олеснува секојдневниот живот на луѓето.

Елена и Борис беа меѓу најдобрите во финалето на квалификациониот натпревар во Турција?

- „Во моментот кога дознавме дека сме во најдобрите 10 тима по категорија, сфативме колкав успех сме постигнале и дека целиот наш труд се исплатеше. Таму ние го претсатвивме нашиот проект, но покрај тоа се запознаеме со учесниците, од вкупно 90 тима од различни земји, имавме можност да вкусиме традиционални јадења од Ирак, да го видиме традиционалниот танц на Чешка, да го видиме Босфорот преку крастарење, како и да се запознаеме со културите на многуте други земји учесници.


За своите очекувања од олимписката презентација во Америка, Елена и Борис изјавуваат:
- „Пред сé очекуваме да се претставиме успешно со нашиот проект. Да спознеме за тамошното образование, развојот во науката и нивото на свеста кај луѓето за животната средина. Да се запознаеме со ученици ширум светот и да размениме мислења, да спознаеме за нвната култура и начин на живот“, велат креативните валандовчани.

„Genius Olympiad“ промовира глобално размислување за прашањата за животната средина и постигнување на одржливост преку: основните науки, уметност, креативно пишување инженерство, дизајн и развој на бизнисот.

Фокусот е ставен на следните цели: Да им воозможи на средношколците од цел свет да се справат со еколошките проблеми и да ги извлечат своите способности да произведат решенија; Да ги инспирира да придонесат за заштита и подобрување на животната средина; Да се обезбеди форум за млади од целиот свет да се здружат и да споделат идеи и да се информира јавноста за глобалните еколошки проблеми.


Од Валандовското средно училиште им упатија порака за среќен пат, во неделата при нивното полетување за Америка од аеродромот во Скопје.


""""""""""""""""""""""
Last modified on Четврток, 20 Јуни 2019 - 15:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.