Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Петок, 21 Јуни 2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на изведбените работи за рехабилитацијата на регионалниот пат Р1109, делницата Гевгелија-Богданци-Фурка, во должина од 15,8 километри.

Според првите програмски постулати беше во план да се опфати и делницата од Дедели до Фурка, но таа е изоставена од тендерската документација и конечната изведбена активност ќе се одвива на потегот од Гевгелија до Фурка.

Новата траса, која е опишана во ЛОТ 4 од тендерот за рехабилитација на регионални патишта ќе се гради со средства од Светска банка. При тоа, освен нова асфалтна постилка патот од сегашните четири ќе биде проширен на 5,5 метри со што се смета дека овој многу фреквентен пат, освен што ќе биде поширок и побезбеден, ќе стане и експресен регионален пат.
По најавата за рехабилитација на овој регионален пат општинита Гевгелија, Богданци и Дојран кои се поврзуваат со овој пат, вршеа проценки и проверки дали патот е изграден на државно земјиште, или ќе треба да се направи експропријација доколку на некои места ќе мора да се навлезе во приватно земјиште.

Овие зафати на регионалниот пат Р1109, според тендерот се предвидени да завршат во рок од 12 месеци, а за истите ќе бидат потрошени околу 1,5 милиони евра.


Last modified on Петок, 21 Јуни 2019 - 13:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.