Топ Новости

Советот на општина Гевгелија даде согласност за новите акти на Детските градинки во општината

Четврток, 27 Јуни 2019

Три правни внатрешни акти на Јавната детска установа „Детска радост“ од Гевгелија денеска добија согласност за нивно стапување на сила од страна на Советот Општина Гевгелија како нивен основач.
Се работи за:
- Правилникот за внатрешната организација на работните места во ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија; 
- Правилникот за систематизацијата на работните места во ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија; 
- и Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на услугите и на директорот на ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија за 2019 година.

Овие донесени актни се усогласени со новите законски решенија во Законот за детска заштита со кој негувателките и воспитувачките добиваат статус на даватели на јавни услуги, а вредноста на бодот е усогласен со Министерството за администрација. Тоа значи и поголем коефициент за бодирање на работните позиции за вработените во детските градинки и поголеми плати. Истите, со добиената согласност од Советот на општината ќе се применуват со подготовката на платниот образец за тековниот месец јуни, кој истекува за три дена.

Токму овој факт, примената на законскиот рок за пресметка на новите бодови за исплата на плата на вработените беше мотивот да се закаже вонредна седница на Советот на општина Гевгелија за расправа по внатрешните правни акти на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија.
Вонредниот правен лек уследи по неуспешниот обид за одржување на 27-та редовна седнца на Советот на општината, закажана за 25.06.2019 година, каде овие акти беа составен дел од Дневниот ред, заедно со уште 11 други точки, но истиот не беше изгласан од страна на советниците и пропадна можноста за одржување на седница по редовен пат.
Заради временскиот теснец се пристапи кон закажување на вонредна седница согласно статутарните одреби на работа на локалниот Совет кој одредува „Во итни случаи претседателот да може да свика вонредна седница по свое сопствено убедување, на барање на 1/3 од составот на Советот или на барање на градоначалнико“. Барањето за итност до претседателот на Советот Ташко Дојчинов, го достави градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков кој пред советниците денеска на 28-та вонредна седница ја образложи итноста на барањето за одржување на седнцата со предлог точките за одобрување на Правилниците и одлуката за бодување на платите на вработените во детските градинки во Општината.

По предлогот за вонредно свикување на седницата образложено од страна на градоначалникот се изјаснија мнозинството од советниците: 8 од СДСМ, 2 од независната листа на советници и 1 од ВМРО-НП. Опозициониот состав на советници од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.
За одобрување на правилниците и одлуката за исплата на плати на вработените во ЈОУДГ „Детска радост“ со поголем коефициент на наградување, гласаа советниците во истиот состав како и за одобрување на вонредниот карактер на 28-та седница на Советот на општината.

Следниот месец вработените во детските градинки во Гевгелија ќе добијат повисоки плати за месец јуни 2019 исто како и сите вработени во јавните установи за детска заштита во државата.


Last modified on Четврток, 27 Јуни 2019 - 20:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Палмер оптимист: САД се надеваат во октомври Македонија ќе добие датум од ЕУ

Соединетите Американски држави се надеваат дека Европскиот совет на 16 октомври

Повеќе

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.