Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Со капитални зафати до нов парк на теренот од стариот градски пазар

Петок, 28 Јуни 2019

Членовите на Советот на општина Гевгелија вчера, по завршувањето на 28-та вонредна седница, ја проследија презентацијата на проектот за уредување на нов парк на локацијата на сегашниот простор на старото градско пазариште.

Се работи за проект од изборната програма на СДСМ на последните локални избори кога оваа партија доби мнозинство гласови и поддршка од граѓаните.

За тоа какво би било идејното решение за оплеменување на овој простор со зелени површини и амбиенталното вклопување во просторот се погрижија од Секторот за урбанизам на општина Гевгелија, а проектот го образложи м-р арх. Ивана Баламовска Илиева.

Се работи за две варијанти, и двете го имаат предлог решението за оплеменување на просторот од 2.037 метри квадратни колку што изнесува ослободениот простор со напуштањето на пазаришната дејност од овој дел на градот во новото пазариште кај Караорман. Истите се разликуваат во процентот на зеленило, наспроти поплочениот дел за пешачки патеки (двете фотографии во прилог галеријата).

Но, и во двете варијанти се предлагаат тревници, посебни видови на дрвја, поплочени патеки, со клупи, канделарби и друга урбана опрема. Во центарот на паркот се наоѓа фонтана со градби, кои потсетуваат на Двете уши, карактеристичниот планински врв на Кожуф планина, што се надвиснува над Гевгелија. Всушност целиот парк потсетува на гевгелиската котлина со речни корита, патеки, многу зеленило, над кои се издига Кожуф планина.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков појасни дека со презентацијата на проектот всушност започнува и јавната кампања за уредување на овој дел од централното градско подрачје. Паралелно, се настојува што поскоро да се донесе ДУП за центарот на градот, кој е во завршна фаза, односно се чека согласност од Министерството за транспорт и врски.

Дали е ова конечно решение, или ќе има оглас за избор на најдобар идеен проект, бидејќи се работи за јавна инвестиција за која средства ќе се одвојат од општинскиот Буџет, одлука ќе треба да донесат членовите на Советот на општината. Вчера учествуваа први во јавната презентација на овој проект. Дел од мислењата се дека во него доминира бетонот наспроти зеленилото и дека треба да се распише оглас за понуда и на други идејни решенија.

Во следните фази од реализација на овој роект Градоначалникот најави распишување на тендер за најповолен изведувач на проектот за изградба на нов градски парк што ќе ја украсува Гевгелија од Амамот, кон просторот на Фондот за пензиско осигурување и Стопанска Банка па се' до привремените објекти на запад од старото пазариште.

Што се однесува до времените објекти, кои сега се наоѓаат крај стариот пазар, општината согласно урбанистичките документи предвидува изградба на типизирани деловни објекти, кои ќе бидат вклопени во проектот за паркот. По изградбата на овие објекти предимство за купување ќе им биде дадено на постојните корисници на времени објекти.

Со почетокот на изградбата на новиот градски парк се реализира едно од проектните ветувања на сега носечката владеачка партија во локалната власт во Гевгелија.


Last modified on Петок, 28 Јуни 2019 - 16:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.