Владислав Видимче именуван за претседател на СДСМ Гевгелија

Петок, 28 Јуни 2019

Колективното разрешување на претседателите на општинските организации на СДСМ по претседателските избори во државата, донесоа нови личности на чело на општинските партиски ограноци.
Во Гевгелија тоа не е случај. Потврдено е именувањето на старо/новиот претседател на Општинската Организација на СДСМ Владислав Видимче.
Тоа го потврди вчера партиската централа со објавување на одлука за именување на Видимче заедно со уште 40 претседатели на општински организации на СДСМ во државата.

Во одлуката се вели дека изборот го изврши Претседателот на СДСМ Зоран Заев, согласно статутарните овластувања кои ги има во партијата.
- „Станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат. Новите општински раководства ќе бидат значаен дел од новиот начин на дејствување на СДСМ и ќе имаат за цел активно да работат на остварување на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните“ се вели во партиското соопштение.

Инаку Видимче, беше избран за претседател на ОО на СДСМ Гевгелија првпат на 7.12.2018 година обавувајќи ја оваа функција шест месеци, се' до одлуката на претседателот Заев, донесена после изборите, за колективно разрешување на сите претседатели на општинските организации, а со тоа и извршните тела чиј состав е избран по предлог на веќе разрешените претседатели.
Тоа значи дека во следниот период старо.новиот претседател кој ја доби довербата од претседателот Заев за повторно именување на истата функција ќе треба да ја реализира статутарната обврска за формирање на органите и работните тела на партијата за нејзино непречено функционирање и остварување на зацртаните програмски цели и доверена изборна воља од граѓаните.

- „Зборот важи! СДСМ се менува за напредокот да продолжи уште позасилено“, нагласуваат од СДСМ во соопштението за изборот на новите претседатели на општински организации на партијата во 40 општини во државата.

Видимче е долгогодишен член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Два мандата бил претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија за Гевгелија, во периодот од 1996 до 2001 година, бил Секретар на Извршниот одбор на СДСМ за Гевгелија во периодот од 2007 до 2009 година, а од 2013 до 2018 е член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија. Од декември 2018 беше на функцијата претседател на ОО на СДСМ за Гевгелија, а од вчера продолжува на истата функција.

Ова е четврти по ред изборен циклус на локално партиско ниво за Гевгелија по одржувањето на локалните избори, се' со цел напредок на демократијата, спречувањето на деакумулација на функции и „сузбивањето на појавата на локални шерифи кои заборавија на потребите на народот“, додаде денеска од Собраниската говорница претседателот на СДСМ Зоран Заев.


Last modified on Петок, 28 Јуни 2019 - 22:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.