Посета на претседателот на Собранието на Турција во Гевгелија

Понеделник, 01 Јули 2019

- „Гевгелија е мал град, но значаен сообраќаен, економски и земјоделски центар“ - порача Мустафа Шентоп, претседател на Големото Собрание на Република Турција при вчерашната официјална посетата на Гевгелија.

- „Колку што се сеќавам своевремено Гевгелија беше центар на свилената буба и на тутунот, овде се произведувал најквалитетниот тутун, ми раскажуваше претседателот на Комората на тутунопроизводителите во Измир, кој е заинтересиран за инвестирање во овој крај“, истакна турскиот гостин на своите домаќини од Општина Гевгелија.

На средбата во општина Гевгелија, првиот парламентарец во Република Турција, го следеше бројна делегација, во која беа и претседателот на Турците во странство и сродните заедници, Абдула Ерен, вишиот соработник во Големото народно собрание на Турција, д-р Неџип Фазил Курт, пратеници од турскиот парламент, амбасадорката на Република Турција во нашата земја, Тулин Еркал Кара, како и претставници на повеќе турски институции, а од страна на домаќините, покрај градоначалникот Поцков, беше претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов.

- „Турција и Република Северна Македонија се братски и пријателски земји. Турција прва ја призна Македонија со уставното име, ја отвори и првата амбасада, а целосно ја подржуваме и на патот кон северноатланските интеграции. Имаме заедничка историја, која претставува цврст темел за нашето пријателство. Турција и натаму политички и економски ќе ја подржува Република Северна Македонија“, рече во своето обраќање Мустафа Шентоп, објаснувајќи на самиот почеток дека фамилијата од таткова страна потекнува од Мрзенци, а од мајка му од Богданци, кои се иселиле во 1926 година заминувајќи со воз до Солун, а потоа, по се изгледа со брод, до Турција. „Многу сум среќен поради моето потекло, често навраќам кога можам“, а тоа ќе го правам и во иднина, порача Шентоп.

Тој на својот домаќин Сашо Поцков му го подари грбот на Република Турција, додека пак домаќинот на високиот гостин му подари сребрена монета на Александар Македонски, пронајдена на археолошкиот локалитет Вардарски рид кај Гевгелија.

Градоначалникот Сашо Поцков, посакувајќи им на гостите добредојде во Гевгелија накусо ги запозна со профилот на општината и развојните компоненти нагласувајќи ја определбата за нејзин одржлив економско-еколошки развој.

- „Во моментот во општина Гевгелија стопанисуваат три големи турски компании. Во близина на Гевгелија во тек е изградбата на најголемиот систем за новоднување - Конска брана, што ја гради турскиот конзорциум „Адали Холдинг“. Наскоро очекуваме да започне и изградбата на Паркот на ветерници, од кој три ветерници се наоѓаат на територијата на општина Гевгелија, а ќе ги гради турската компанија „Калтун енерџи“.Во Гевгелија се наоѓа и најрепрезентативниот хотелско-угостителски комплекс „Принцес казино“ на познатата компанија Принцес груп. Со претстојното комунално-инфраструктурно уредување на ТИРЗ „Прдејци“ се создаваат можности за вложување и на други турски компании, доколку ги има“, ги покани градоначалникот Поцков турските бизнисмени, нагласувајќи дека вратата на општина Гевгелија е отворена и за другите турски инвеститори. Тој му се заблагодари на високиот гостин за донираното комунално возило за дистрибуција на комунален отпад, кој ќе придонесе за проширување, но и дооформување на возниот парк на ЈПКД„Комуналец“.

Гостите од турција ја прифатија поканата за соработка со домаќините искажувајќи интерес за Трговско-индистриската развојна зона кај Прдејци која со внимание ќе ја препорачат на турските компании.

"""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""
Last modified on Понеделник, 01 Јули 2019 - 11:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.