Топ Новости

Градинката во Миравци со нова ограда

Четврток, 04 Јули 2019

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската градинка во Миравци. Освен метални профили поставени на бетонска подлога оградата е специфична по својот изглед заради типизираните украси поставени на неа. Со разни бои од оградата се смешкаат штрумфета, Џив-џив, верверичка, делфин, зајачиња и други фигури кои ги симболизираат ликовите од цртаните филмови, добро познати животни од детското опкружување или од приказните за деца.

Освен ограда во дворот на Детската градинка поставено е ново светло на канделабрите и нови рефлектори со кои се подобрува осветлувањето на двориштето и објектот. Ова со цел непречено функционирање на просторот и во попладневните часови, особено зиме кога денот е пократок, а од овде поминуваат дечињата кон дома. Секако, и заради одвлекување на несовесните посетители на дворот на градинката особено во ноќните часови и нивното неодговорно однесување кон просторот.

Од ЈУДГ „Детска радост“ од Гевгелија во чиј состав припаѓа и детската градиинка во Миравци најавуваат и дополнително уредување на двориштето со нови садници дрвја, трева и цвеќиња, како и поставување нова урбана опрема за игра и рекреација на децата.

Уживателите на овој простор, децата од детската градинка во Миравци денеска ги посетија градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и директорката на установата, Бети Стоименова. После вака укажаното внимание и грижа за квалитетно згрижување на децата во установата, гостите од Гевгелија од децата добија искрени насмевки.

Да им посакаме пријатен престој и нови искуства во игрите со другарчињата во дворот на детската градинка.

 

Last modified on Четврток, 04 Јули 2019 - 21:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.