Топ Новости

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места

Среда, 17 Јули 2019


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа во општина Гевгелија, екипите на ЕВН КЕЦ Гевгелија најавија прекин во електроснабдувањето за сабота, 20 јули во траење од шест часови.

Прекинот на електричната енергија до корисниците, домаќинствата и стопанските субјекти, ќе биде поради исклучување на доводната мрежа од 15 трафостаници во градот и населените места, со што ќе останат без струја и можност за користење на електро енергенсот повеќе реони во градот и 11 населени места во општината.

Редоследот на исклучување и времетраење на исклучувањето е по следниот редослед, според снабдувачката трафостанца на корисниците:

Гевгелија 1
Без напојување со електрична енергија на 20 јули 2019 (сабота) во периодот од 12:00 до 18:00 часот ќе бидат дел од корисниците од Гевгелија, во реонот од улиците „Никола Карев“, преку горниот дел на булевар Гевгелија, населба Караорман кон Моински пат, улиците „Маршал Тито„ „Солунска“, „Ј.Јосифовски“, „Загребачка“, „Сараевска“, се' до „Илија Миов“ и индустриските објекти на Моински пат, заради итни интервенции на високонапонските водови.

Гевгелија 2
Без напојување со електрична енергија на 20 јули 2019 (савота) во периодот од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од Гевгелија во регионот на улиците „7ми Нoември“ (од Технички преглед, Билдгруп) преку реонот Дистрибуција, Полиција, Градски Пазар, Општина Гевгелија, до улица „Јосиф Јосифовски“.
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе биде фирмата „Конти Хидропласт“ заради интервенција на водот.

Фитинзи
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт корисниците од индустрискиот дел на Гевгелија („Ноел“, „7-ми Ноември“, „Соми“ и др.).

Фламинго
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт корисниците хотел „Принцес“ и бензинска пумпа „Шимов“ на граничниот премин Богородица.

Мрзенци
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт корисниците на влезот на село Мрзенци, околу раскрсницата со околните објекти и индустриските објекти после село Мрзенци („Империјал тобако“, „Меркјури“, „Мателен“, „Еуроинг“, хотел „Нар“ и други).

Пекара-Зора
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидат индустриските објекти кои се напојуваат од трафостаниците: Пекара Зора, Зора Бетонска, Нов Ладилник, Стар Ладилник, Управна зграда, Кула Зора („Русекомерц“, „Техноалат“).

Пиперна
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 во периодот од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од Гевгелија, во регионот на Булевар Гевгелија, преку улиците „Коле Неделковски“, „Борис Кидрич“, „Железничка“ се' до „Илинденска“.

Фламинго 2
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат објектот хотел-кaзино „Фламинго“, бензинска пумпа на „Макпетрол“, Граничен премин Богородица, „Фитотерминал“.

Смрдлива вода
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт сите корисници од селата Кованец, Серменин, Коњско, Ума, Смрдлива вода и Ски центар Кожуф.

Богородица
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт корисниците од село Богородица и корисниците во близина Граничниот премин Богородица (казино „Сенатор“, конзервна фабрика „Пајдаков“, пумпи за вода „Чаири“, бензинска „Лукоил“, „ВУ дент“).

Паскалин
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од индустриските корисници во Гевгелија кои се напојуваат од ДВ 10КВ Паскалин („Паскалин“, винарија „Ригоимпекс“, „Интербетон“ сепарација, „Вори“, Пекара „Бекарт“, „Мансард“, мотел „Вардар“, Бензинска пумпа на „Макпетрол“ на стариот пат, бензинска пумпа „Шимов“ на влез на Гевгелија и други).

Оранжерии
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидат корисниците од село Мрзенци (освен раскрсницата на влезот), Оранжерии Прдејци, фирмите „Технопроукт“, „Житопром“, Сервис „Тефтер“, „Оксија“, „Ледра“ и други околни објекти.

Моин
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 ќе бидат селата Ново Конско и Моин и дел од индустриските корисници на излезот од Гевгелија кон село Моин (фарма Моин, „Житко“, „Јоријан“ и други).

Извод Миравци
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат селата Давидово, Миравци, Петрово, Габрово вклучително и индустриските објекти кои се наоѓаат во овие населени места.

Извод Смоквица
Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидат корисниците од село Негорци, дел од село Мрзенци и комплексот „Негорски бањи“.

Подгответе се за денот без струја во своите домови, а производните субјекти треба да го прилагодат, или одложат работниот процес за друг ден. Во случај на некомплетно завршување на сите закажани дејствија на 15-те снабдувачки трафостаници во општината, можно е продолжување на работите следниот ден недела 21 јули, за што ќе следи дополнително соопштение од ЕВН, Кориснички енергетски центар Гевгелија.


Last modified on Среда, 17 Јули 2019 - 17:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.