Топ Новости

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Четврток, 18 Јули 2019

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со Центарот за социјални работи во Гевгелија од вчера на еднонеделен бесплатен одмор се упатени шест деца од Гевгелија.

Летниот одмор е финансиски поткрепен од Министерството, а се однесува на деца од семејства со социјален ризик. Заедно со нив се и двајца придружници и еден волонтер од Општинскиот Црвен крст од Гевгелија.

Децата се од вчера сместени и деновите од бесплатниот одмор ќе ги поминат во одморалиштето „Мајски цвет“ кое е непосредно до брегот на Охридското езеро, со плажи и терени за спортување и забава.
Со овој проект за бесплатен одмор на деца од семејства со социјален ризик преку МТСП летово ќе бидат упатени на престој во „Мајски цвет“ околу 700 деца кои се пријавиле преку општинските Центри за социјална работа. Смените ќе се изведуваат во пет наврати до крајот на летото.

Бесплатниот одмор опфаќа шест полни пансиони и го користат деца од петто до деветто одделение. Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 годишна возраст.

Им посакуваме пријатен одмор, топло сонце, мирни езерски води и многу игри и забава на сите годишноодморци во „Мајски цвет“.


Last modified on Четврток, 18 Јули 2019 - 15:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.