Топ Новости

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Понеделник, 22 Јули 2019

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме од патувачкото дуо Шуклев и Николов од авантурата наречена „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“.
Нашите јужни авантуристи на четири тркала на пат за дома ја пропатуваа денеска Монголија и овде разменуваат на пауза патешествија со други нескротени друмски авантуристи по светот.
Животот сакаше да ги спои стојачаните Шуклев и Николов со грчкиот моторџија Меркуриос Стилијанос кој е од Крит, а моментално го „шпарта“ светот со својот мотор.

- „Се изгушкавме како браќа, и му беше мило што се сретна со луѓе од "родниот крај". Во неврзаниот муабет, силно посака односите помеѓу Македонија и Грција да одат во нагорна линија бидејќи народите (како и народностите) од двете земји го заслужуваат тоа“ раскажуваат на фејсбук нашите јужни авантуристи од Стојаково.
Тие го поканиле да дојде да ги посети во Стојаково да заиграт заедно сиртаки, а потоа како што е редот со пријателите од Грција, да си ја пробат среќата во гевгелиските казина.

Нашите Рено јунаци се веќе 72 часа на пат за дома и се приближуваат пред Новосибирск. Далечината, 24 дневното патување и уште две недели до доаѓањето дома ги прави носталгични, но со полно срце за југот и пријателствата кои ги создаваат по пат.

Добар пат јунаци. Југот Ве чека.


Last modified on Понеделник, 22 Јули 2019 - 19:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.