Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Акција за расчистување на опожарената зграда во Гевгелија

Четврток, 01 Август 2019

Улица „Ристо Чавдаров“ во Гевгелија каде се наоѓа опожарената зграда од завчерашниот кобен ден за станарите на уличен број 25 денеска е затворена за сообраќај. Од утринските часови овде е во тек акција за расчистување на изгорениот материјал од опожарените станови, како и дворот на зградата.
Во акцијата учествуваат вработени од ЈПКД „Комуналец“, работници ангажирани од Општина Гевгелија, станарите од зградата, а им се придружија на помош и комшии од соседните куќи, како и членови на граѓански здруженија, еко активисти од „Changemakers4all“  и навивачката група „Фантоми“.

На предниот дел од зградата се собираа купишта паднати цигли, ќераниди, саксии, парчиња недоизгорени греди од конструкцијата на кровот, а некои висеа закачени на гранките од дрвјата додека паѓале откинувајќи се од градбата на зградата. Луѓето носеа маски, собираа, метеа, работеа акцијашки со жгура во душата.
Во задниот дел од зградата со пластична цефка долга повеќе десетици метри, од шестиот опожарен и изгорен спрат се фрлаа надолу гламјосаните градежни отпадоци, цигли, остатоци од внатрешните ѕидови и покуќнина претворена во пепел.

На местото на акцијата го затекнавме Претседателот на Советот на Општина Гевгелија Ташко Дојчинов кој ги координираше активностите на терен. Веќе беше исфрлена една приколка градежен шут, а се очекуваше да се натовари следна приколка со опожарен отпад. Акцијата ќе продолжи во сабота и недела за време на викендот.

Сите станари кои ги затекнавме таму ни рекоа дека цела зграда е со исклучена струја и вода, не само опожарените. Без вода и струја се веќе трет ден после пожарот. Услови за престој во домовите немаат и затоа сите се сместиле по роднини. Доаѓаат на акциите да си ги преуредат живеалиштата. Засега уште се расчистува пристапот до нив, дворот, ходниците и целото опожарено поткровје. Од ЕВН им рекле сами сопствениците на становите и подстанарите да си ја проверат електричната инсталација и кога сите и секаде ќе биде се' во ред ќе дојдат да ги приклучат на електричната мрежа.

Брзото враќање на нормалните услови за живот на овие 36 семејства од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 зависи од експедитивната акција на надлежните и хуманите луѓе кои доаѓаат на помош. Ако го пропуштивте денешниот акцијашки ден, можете да им се придружите на екипите расчистувачи задутре, во сабота, 3 август кога акцијата продолжува.

Last modified on Четврток, 01 Август 2019 - 22:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.