Топ Новости

Втор ден акција за расчистување на опожарената зграда во Гевгелија

Сабота, 03 Август 2019

Вториот организиран ден за расчистување на опожарениот шут од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија, од утрово до сега резултираше со 10 утоварени приколки со опожарен отпад кој се исфрли од просторот во зградата. До сега е исчистен опожарениот шут од кровот од само едната станбена единица. Тоа се трите опожарени стана од вториот влез на шестиот кат од опожарената зграда.
Веќе е исчистен и изметен и просторот пред зградата каде со долга цевка од поткровјето се исфрлаше опожарениот шут на тревникот и плочникот пред становите од вториот влез.
На терен се екипите на ЈПКД „Комуналец“ заедно со станарите од зградата и нивни пријатели кои им притекнаа на помош. Бројот на ангажираните луѓе е околу 25 мина. Најавената огромна подршка од сограѓаните искажана на социјалните мрежи некако отсуствува, видно од прилог галеријата.

На терен го затекнавме Ташко Дојчинов, претседател на Советот на општина Гевгелија кој ја координираа акцијата заедно со екипи на ЈПКД „Комуналец“, но и приватна фирма која ги проверува електричните инсталации на становите од неопожарените станови. Овој ангажман е обеззбеден од општината и за истиот сопствениците на становите, или потстанарите од зградата не треба да платат никаква надокнада, вели Дојчинов. Со тоа се обезбедува условот што го постави ЕВН дека приклучок на електрична енергија ќе може да добијат становите само после извршена детална проверка на електричната инсталација од страна на приватно ангажирана фирма за електрика која самите станари требаше да си ја обезбедат.

- „ Екипата која врши бесплатна проверка на електричната инсталација на становите кои не се опожарени веќе изврши детална проверка до четвртиот кат од првиот влез и констатирано е дека може да се изврши приклучок во електричната мрежа, така што, еден дел од становите се веќе приклучени. Проверата на другите станови продолжува и тие во текот на денот, ако се' е во најдобар ред со внатрешната електрична инсталација, ќе бидат приклучени на електричната мрежа. Со добивањето на струја и завчера попладне приклучената вода, за станарите од оваа зграда се враќаат условите за живот и дел од нив постепено се враќаат во своите домови, после поминатите ноќи кај роднини и пријатели“, изјави за GevgelijaNET претседателот на Советот на општината Ташко Дојчинов.

Акцијата продолжува. Акцијашите се закрепија со оброк и вода обезбедени исто така од општината, која останува и понатаму работно ангажирана заедно со станарите и во овие денови на мака и работа за расчистување на своите домови и штетата од несреќта која ги задеси со пожарот.


Last modified on Сабота, 03 Август 2019 - 14:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.