Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Целосно исчистен опожарениот шут од зградата во Гевгелија

Понеделник, 05 Август 2019

Опожарениот шести кат од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 е целосно исчистен заедно со денешната трета по ред акција организирана од Општина Гевгелја, „Комуналец“, а во која се вклучија станарите и нивните пријатели.

Освен шесте целосно изгорени стана од поткровјето на шестиот кат, во текот на денешната акција исчистени се и ходниците и скалилата од зградата од опожарените отпадоци и паднатиот шут за време на расчистувањето. Исфрлени се отпадоците, изметени ходниците и скалилата, соберен е целиот отпад од пред дворот и изметено е целосно двориштето во целиот круг околу зградата.
До крајот на вчерашниот ден сите 24 стана од двата станбени влеза од првиот до четвртиот кат се проверени поединечно за квалитетот на електричната инсталација и истите се приклучени на електричната мрежа, Од вчера за овие станови „Комуналец“ обезбеди и приклучок за вода. Со тоа донекаде се нормализирани условите за живот на станарите од 24 станови од први до 4-ти кат и семејствата се враќаат во своите домови.
Петтиот кат е се' уште несигурен за приклучување на електричната мрежа, бидејќи во текот на интервенцијата на пожарникарите со водените шмркови додека траеше пожарот на шестиот кат, има навлезено вода и во нив, има влага и постапката за приклучок на електричната мрежа ќе следува по санирањето на влагата во становите.

Претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов кој од почетокот ги координираше акциите за санирање на последиците од пожарот на зградата од уличниот број 25 на улица „Ристо Чавдаров“ вели дека со почетокот на работната недела на терен ќе излезе и Општинската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Комисијата ќе изнесе своја сопствена проценка на штетата настаната од пожарот во зградата, која заедно со елаборат ќе биде поднесена на разгледување и усвојување пред членовите на Советот на општина Гевгелија. Се надеваме дека тоа ќе значи и предлог за финансиска помош на сите оштетени според правилникот за санација на штети од елементарни непогоди по кои што работи оваа Комисија.

Најзагрозени во случајот се шесте семејства од целосно изгорените станови од шестиот кат. Четири од нив се во приватна сопственост, а два се во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Деновиве тие беа времено сместени на терет на Општина Гевгелија во други објекти за престој. Едно од семејствата е со мало дете и се прават напори ЈП за Станбен простор да им обезбеди привремено сместување во стан во државна сопственост додека се реши изградбата и санацијата на опожарените станови кои останаа само со надворешни ѕидови од кои зјае сликата на изгорениот отвор за прозорецот и ведрото небо место кров.

И денеска беа собрани 10 приколку опожарен шут. Од општествено одговорните личности кои дел од јавноста ги повикуваа на социјалните мрежи да помогнат на несреќните семејства од опожарената зграда, денеска на терен во акцијашко светло се појавија претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија, советник во Советот на општина Гевгелија, потоа навивачката група „Фантоми“, еко активистите од „Changemakers4all“ и соседи и пријатели на станарите од опожарената зграда.

Се враќа полека животот во нормала за дел од станарите на улица „Р. Чавдаров“ 25. За шест од нив од петтиот кат се чекаат суви ѕидови и приклучок на струја и вода. За шесте опожарени се чекаат повисоки инстанци да помогнат во нивната изградба и оформување на живеалиштата на унесреќените семејства на кои пожарот во еден час им ја однесе пред очи целата животна заработка и семејниот дом.

Фото: Фејсбук статус на Марија Томова од „Changemakers4all“ која коментира дека институциите, функционерите и граѓаните се заедно, помагаат искажувајќи човечност и загриженост, укажувајќи помош на тие кои им е неопходна


Last modified on Понеделник, 05 Август 2019 - 00:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.