Топ Новости

Отворени сметки за донации на семејствата оштетени од пожарот во Гевгелија

Понеделник, 05 Август 2019

Шестиот ден од несреќниот пожар кој ја зафати зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија се отворија официјални банкарски сметки за собирање на донации од граѓаните наменети исклучиво за оштетените семејства од опожарените станови од шестиот кат како и за другите семејства кои претрпеа штети за време на пожарникарската интервенција.

Од денеска, 05 август 2019, отворени се и трансакциски сметки за денарски и девизни парични донации за погодените семејства:

Име на Банката: ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

Носител на сметката: Игор Димов

Адреса на корисникот: Ул.Ристо Чавдаров бр.25/1-12 Гевгелија

Денарска трансакциска сметка: 270 -7000516742 - 74

Девизна трансакциска сметка: 270 -7000516745 - 65

IBAN Code MK07270700051674565

SWIFT EXPCMK22

Име на Банка ХАЛКБАНК АД Скопје

Седиште на банката: Ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54

Р. С. Македонија

Од Општина Гевгелија известуваат дека помош во предмети за домаќинство, апарати, мебел или друго што сметаат за неопходно за олеснување на животот на станарите погодени од несреќата со пожарот во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 да донираат во просториите на Пионерскиот Дом во Гевгелија. Просториите на Пионерски ќе бидат отворени за прием на Вашите донации секој работен ден од 08 до 20 часот. Телефон за контакт: 070 459 345 (Мими).

Луѓето од изгорените станови немаат ништо од својот дом. Ништо. Ниту столче, ниту лажица, ниту прекривка, ниту кревет. Домовите треба да им се обноват. Хуманоста е тука пресудна, како и интервенциите на надлежните за нормализирање на жовотот во некогашните нивни домови на шестиот кат од „Ристо Чавдаров“ како и оштетените од интервенцијата, на станарите од петтиот кат.

Да бидеме хумани, колку што можеме да одвоиме помош за нашите сограѓани.

Фото: Фејсбук - Марија Томова


Last modified on Понеделник, 05 Август 2019 - 15:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

Свети Трифун - заштитник на градинарите и на лозарите

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи

Повеќе

Расте листата на должници кон УЈП

Фирми во стечај, но и спортски клубови меѓу најголемите неплаќачи на данок во

Повеќе

Закон за откуп на работен стаж - мирно до пензија!

Сите оние кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради

Повеќе

Македонија го ратификуваше договорот за членство во НАТО

Денеска Собранието на РСМ со 114 гласови „ЗА“ го ратификуваше договорот за

Повеќе

Гевгелија повторно град со пливачки базен

На предлог на Агенцијата на млади и спорт Владата на РСМ донесе програма за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.