Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Комисијата за проценка на штети со увид во опожарената зграда во Гевгелија

Вторник, 06 Август 2019

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, за каков се смета и пожарот на станбената зграда во Гевгелија, денеска излезе на терен да направи увид на местото на несреќата.

Трочлен состав на комисијата (градежен инженер, правник и агроном) пристапија на увид за проценка на претрпените штети од пожаот во зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 по однос на 10-те пријави од граѓани сопственици на опожарени и оштетените станови од интервенцијата на пожарникарите. Инаку, комисијата брои пет членови, но порад итноста на работата, а со констатација дека се има потребен кворум за работа и оправданото отсуство на двајцата членови поради користење на годишен одмор, пристапија кон работа со увид на терен.

Проценка се вршеше на четири станови од поткровјето кое е целосно изгорено од пожарот и шесте станови од петтиот кат кои се оштетени за време на спасувачката интервенција на пожарникарите. Останатите два стана од поткровјето од зградата (П + 4 + поткорвје) се во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и по нив ќе постапуваат во ЈП, врз база на нивни записници.

Пред членовите на комисијата сопствениците на изгорените и оштетените станови изнесуваа што се' имаа во своите домови кои целосно изгореа во пожарот, не само градежната квадратура, столарија (врати и прозорци) туку и елементи во домаќинството, мебел, опрема, парични средства, вредносен накит. Со потпис на сопствениците од утврдениот увид од комисијата нивните изјави ќе бидат земени во предвид при конечната проценка на целокупната штета на зградата и поединечно на секој од сопствениците чиј имот настрада од пожарот.

Комисијата има законски рок од 30 дена да го подготви елаборатот за проценка на штети и истиот во тој рок да го достави на разгледување и усвојување пред Советот на Општина Гевгелија. Советот треба да се изјасни по основ на Елаборатот и доколку биде усвоен, истиот се упатува до Второстепената Комисја за проценка на штети од елементарни непогоди која пак Елаборатот го доставува до Владата на Р. С. Македонија. Тоа значи дека позитивната одлука од Владата треба да донесе одреден процент на надокнада на оштетените семејства (сопствениците на изгорените и оштетени станови) од Буџетот на државата.
До одлуката на Владата, остануваат отворени сметките за донација на денарски и девизни средства парична помош од солидарните и хумани граѓани. Сметките се со два потписника (по еден од секој од двата влеза на зградата) и распределбата по нив ќе ја прават станарите од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25.


Last modified on Вторник, 06 Август 2019 - 23:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.