Топ Новости

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Понеделник, 12 Август 2019

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа завршија „Дојранските ракувања 2019“.

Последни на сцената на терасата од стариот музеј во Дојран настапија Слаткаристика и 2Бона. Првите два програмски настапи беа резервирани за Александар Тарабунов, EYE CUE, Елена Велевска, групата „Академци“ и Сузна Гавазова.

Публиката вообичаено во голем број ги проследија настапите на музичките гости, некои уживаа во тактот, некои продолжија со прошетките покрај езерото. Најупорни беа гледачите од под трите јавори, кои што платформата на некогашната стара сцена на сите културни збиднувања на „Дојранските ракувања“ ја користеа за седење и како да имаа карта за ложа, па продолжуваа да ја следат целовечерната програма до крај.

Помладите парови со деца мораа да ги пробат новите атракции - прошетка со возчето низ кејот на Дојранското крајбрежје. Ги има три. Билетите се продаваат на влез во отвореното купе за разгледување. Ќе ги видите мирните дојрански плажи, средени и исчистени од бројните посетители во текот на денот, отсјајот од соседните крајбрежни објекти, ќе ве омами мирисот на топлите вкусни крофни со чоколаден прелив, ќе пројдете покрај камената статуа на момата Дојрана со стомните вода кои ја полнат фонтаната, се' до пазарчето полно со тезги од сувенири, реквизити за плажа, лулашки, играчки и незаменливите дојрански угостителски објекти со специјалитети од риба, скара и домашни пијалоци.

Топлото време викендов го преполни Дојран со гости кои овде преку ден побараа разладување, додека повеќето се годишноодморци, а со фестивалот „Риба и вино“ се презентираа дојранските специјалитети пред новите дојрански посетители, проследено сето со одбрана музичка програма, за да ги запомнат убавините на Дојран и да го посетат повторно догодина.


Last modified on Понеделник, 12 Август 2019 - 11:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.