Топ Новости

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Петок, 16 Август 2019

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја најави изградбата на експресен пат од Граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница до автопатот кај Смоквица што е дел од Коридорот 10. Овој пат треба да ги заобиколи Струмица и другите населени места долж сегашната патна делница со цел да ја забрза динамиката, протокот на возила, патници и стока наменети за излез од државата кон Бугарија и други земји, преку овој премин. Тоа треба да ја забрза економската од овој крај нагласи директорот Китанов.

Тој се осврна и на тековните проекти од гевгелиско-богнадскиот крај, пред се' рехабилитацијата на патот од Гевгелија до Фурка. Китанов истакна дека досега се асфалтирани 1.500 метри, а ќе продолжи делницата од Богданци до Фурка до клучката, во должина од 10 километри со постапка на рехабилитација. Оној дел што значи реконструкција и проширување на патот е запрено на барање на граѓаните на Богданци и на градоначалникот на Општина Богданци.

- „Се работи на делот од Богородица до Богданци, пат кој е руиниран каде често граѓаните се сведоци на сообраќајќи. Исто има и една обиколница на Богданци која правно ако побарате не постои. Градоначалникот се заложи, таа е внесена, легализирана и се преотстапува на ЈП за државни патишта, а делот што минува нз Богданци кој е регионален пат, ние ќе го преотстапиме на Општината да си прават булевар и што сакаат“ истакна Китанов по однос на изградбата на патиштата од Гевгелија-Богданци-Фурка, кој започна пред некој месец и беше стопиран поради искажаните причини од граѓаните и локалната самоуправа.

- „Во меѓувреме, се испроектира обиколницата и делот од патот Гевгелија-Богданци-Фурка кој ќе биде предмет на реконструкција“, појасни директорот Китанов.
Постапката за изведба ќе биде предмет на нов проект зошто и работниот изведбен дел е различен за рехабилитација од реконструкција на пат. Рехабилитацијата на патот од Богданци до Фурка треба да заврши до крајот на септември годинава, а реконстукцијата на делот од Гевгелија до Богданци со проширување на патот се очекува да започне годинава, но да заврши пролетта следната година.

Last modified on Петок, 16 Август 2019 - 21:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес на СДСМ: Зголемувањето на пензите реалност со СДСМ

Претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија Владислав

Повеќе

Гевгелија на меѓународна конференција за бегалците во Шпанија

Гевгелиски искуства од бегалската криза минатата недела беа пренесени на 5-та

Повеќе

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.