Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе пожарот до Мрзенци и Прдејци

Недела, 18 Август 2019

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за гаснење на пожар кој се појавил на левата страна од железничката линија во близина на село Давидово. Била запалена околната сува трева покрај пругата која поради топлото време и оскудицата од дожд лесно горела, поради што пожарот се проширил.
До овој момент, иако на терен се четири екипи на ТППЕ Гевгелија, ТППЕ Валандово, ДПД Дојран и „Комуналец“ пожарот е се' уште активен и се прошири до село Мрзенци. Изгорена трева и земјоделски посеви се видливи и долж меѓународниот автопат „Пријателство“ на левата страна во правец Гевгелија-Скопје.

Гевгеличани се сведоци на саѓи во воздухот, а некои паѓаат по улиците и дворовите, како и мирисот на чад што го носи северниот ветер.
Променливиот правец на ветрот го префрли пожарот и на десната страна од железничката пруга, така што загрозени се посевите и во месноста Прдејци.
Со сесрдни заложби на пожарникарите и доброволните граѓани се прават напори пожарот да биде локализиран. Засега гори полето од Давидово кон Мрзенци и полето кај Прдејци.


Last modified on Недела, 18 Август 2019 - 17:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.