Топ Новости

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски посеви

Понеделник, 19 Август 2019

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај Давидово, Мрзенци и Прдејци со акција на противпожарните сили беше ликвидиран во 19:30 часот.

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија после осум ипол часовна борба со огнот во седиштето на ТППЕ се врати дури во 20 часот.

- „Билансот на вчерашниот пожар е: изгорена 100 хектари ниско стеблести растенија, земјоделски насади, лозја, овоштарници, а имаше и напуштени насади обраснати со трева. Гореа подрачјата, нивите кај Мрзенци, Прдејци, Смоквица, кај Топлите води, Стара Смоквица, до Давидово“ изјави за GevgelijaNET командирот на ТППЕ Гевгелија, Игор Ризов.

На помош на територијалните противпожарни сили од Гевгелија беа и единицата на ТППЕ Валандово, Доброволното противпожарно друштво од Дојран и возило на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија. На терен беа вкупно 22 лица, 21 пожарникар и еден возач на цистерната на „Комуналец“.
- „Гевгелиската противпожарна единица ги вклучи во акцијата сите расположиви возила (5), Валандово учествуваше со едно возило и 4 пожарникари кои помагаа во гаснењето на пожарот во Давидово, а Дојран учествуваше со свое возило и тројца пожарникари. Дојавата за појава на пожарот во ТППЕ беше примена во 11:15 часот вчера и екипите на пожарните сили од Гевгелија веднаш се упатија во акција“ изјави командирот Ризов.

За проценката на настанатата штета од елементарната непогода- пожар, појасни тој, тие не се надлежни, туку треба да се изјасни инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување по увидот на опожареното место, односно подрачје на зафат на пожарот.


Last modified on Понеделник, 19 Август 2019 - 13:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.